Венецуела се соочува со една од најтешките природни катастрофи во последните децении, откако два силни земјотреса со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија земјата во средата вечерта. Според официјалните информации, најмалку 32 лица загинале, а повеќе од 700 се повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините. Според податоците на Американскиот геолошки институт (USGS), ...

Шпанија понуди поддршка и подготвеност да испрати итна помош на Венецуела по силните земјотреси што ја погодија таа земја. Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави на социјалната мрежа Икс дека Шпанија стои покрај венецуелскиот народ по „разорните земјотреси“ и дека „неговите мисли се со жртвите и нивните семејства“. Министер за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Албарес, исто така изјави дека Шпанија е подготвена да обезбеди итна помош ...

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека САД се подготвени и во можност да помогнат за справување со последиците од потресите. Покрај САД, помош за Венецуела понудија и латиноамериканските земји, меѓу кои Мексико, Аргентина, Боливија, Бразил, Чиле, Еквадор, Ел Салвадор, Панама и Угугвај. Дел од нив веќе испраќаат помош во форма на спасувачки тимови и медицински персонал, лекови и основи залихи Повеќе светски лидери изразија ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска во име на италијанската Влада, изрази солидарност со властите и граѓаните на Венецуела по силниот земјотрес што ја погоди таа земја, нагласувајќи дека италијанските институции се подготвени да ги активираат сите канали за хуманитарна помош и поддршка за своите граѓани. „Со длабока загриженост ги следам последиците од силниот земјотрес што ја погоди Венецуела. Во име на Владата на Италија, изразувам ...

Добивај вести на Viber Земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени предизвикаа уривање и оштетување на стотици згради, а најголема штета е пријавена во крајбрежната држава Ла Гваира, во близина на главниот град Каракас. Државата е прогласена за зона на катастрофа и од неа се појави една од највознемирувачките снимки. Ја снимил жител на облакодер кој се обидува да избега од оштетената зграда, додека сѐ околу него се урива. Venezolano se ...

Во Ла Гуаира, денеска, десетици луѓе влегле во неколку продавници уништени во двата земјотреса што вчера ја погодија Венецуела, по што следувале триесетина последователни потреси. Според венецуелскиот портал „Ефекто Кокујо“, групи луѓе се качувале на покривите на урнатите згради и се пробивале низ уништените улици за да влезат во објектите. Од таму земале храна, лекови, но и апарати за домаќинство, меѓу кои телевизори, машини за перење и ...

Интернет конекцијата нагло падна низ цела Венецуела по разорните земјотреси од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала, кои ја оштетија енергетската и телекомуникациската инфраструктура, соопшти денеска организацијата NetBlocks. Се додава дека ситуацијата малку се опоравила неколку часа подоцна, но поврзаноста е сè уште значително под нормалното ниво, на 77 отсто, споредено со најниските 59 проценти веднаш по земјотресот, објави Cи-Ен-Ен. ...