Охрид, 3. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го прославуваат споменот на Свети апостол Тадеј. Еден од седумдесетте апостоли, а не оној Тадеј кој беше од Дванаесеттемината. Свети Тадеј прво го виде и го слушна свети Јован Крстител и прими крштевање од него, а потоа Го виде Господa Исусa и Го следеше Него. Господ го вброи помеѓу седумдесетте помали апостоли, кои ги испрати двајца по двајца пред лицето Свое (Лк. 10,1). Пo ...

Охрид, 6. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го прославуваат споменот на Свети свештеномаченик Евтихиј. Еден од помалите апостоли, родум од Севастопол. Ученик и подражавател на светите апостоли Јован Богослов и Павле. Иако не е вброен помеѓу седумдесетте апостоли, сепак се нарекува апостол затоа што им беше ученик на големите апостоли и затоа што во евангелската служба покажа вистинска апостолска ревност. Посветен за ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 август. Денеска е Св. свештеномаченик Евтихиј. Евтихиј по род беше од Севастопол, Палестина. Му беше ученик на апостолот Јован Богослов. Како епископ и апостол го проповедаше распнатиот и воскреснатиот Христос на многу места. Претрпе многу измачувања и најпосле својот плоден живот го овена со маченички венец во родниот Севастопол. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Захариј. Тој ...

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 август. Светиот маченик Луп Овој свет маж беше слуга кај Свети Димитриј, војвода Солунски. Кога Свети Димитриј беше убиен со меч од царот Максимијан, Луп ги потопи во крвта на маченикот полите од својата наметка и својот прстен. Со таа наметка и со тој прстен тој потоа вршеше многу чуда во Солун, исцелувајќи ги луѓето од секоја мака и болка. За тоа дозна царот ...

Охрид, 5. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го прославуваат споменот на Свети свештеномаченик Иринеј Лионски. Во младоста му беше ученик на свети Поликарп, кој пак беше ученик на светиот Јован Богослов, кој го испрати на проповед во Галија. По маченичката смрт на свети Потин, за епископ го поставија Иринеј. Во своите многубројни списи тој час ја изложува православната вера час, пак, ја брани од еретиците. Пострада за ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 август. Денеска е Св. свештеномаченик Иринеј. Свети Иринеј по потекло беше од Мала Азија. Му беше ученик на славниот смирнски епископ Поликарп, кој пак беше ученик на светите апостоли. Подоцна, после маченичката смрт на епископот Потин, за епископ на градот Лион беше избран овој Иринеј. Свети Иринеј пострада за Христа во 202 година, заедно со неколку илјади христијани, за време на ...

Охрид, 4. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го прославуваат споменот на Светите маченици Агатоник, Зотик и другите со нив. Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера христијанин. На заповед од царот Максимијан, царскиот намесник жестоко ги гонеше христијаните. При тоа гонење, во некое место Карпин, тој го фати свети Зотик, ги распна на крст неговите ученици, а самиот Зотик го доведе во Никомидија, каде што ги фати и ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 август. Денеска е Св. маченици Агатоник, Зотик и други. Денешниве маченици Агатоник, Зотик, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други со нив беа фрлени в затвор во градот Никомидија, како христијани, при еден прогон за време на римскиот цар Максимијан. Оттука беа препратени во Визант. По патот многу од нив потклекнаа од измачувањата и од исцрпеност, а свети Агатоник ...