АА раководена од Арбен Таравари утре на централното претседателство ќе одлучува дали ќе остане со ВРЕДИ или сама ќе оди на локалните избори. Претседателот Арбен Таравари рече дека ќе ги послуша членовите на раководството и претседателите на ограноците за да донесе конечна одлука. Тој верува дека во некои општини АА може да оствари добри резултати, како во Гостивар, Врапчиште, Боговиње, Теарце, Сарај, Липково и Дебар. „Имаме две опции: едната е ...

Превирањата во коалицијата „Вреди“ продолжуваат откако вчера коалицијата излезе со став дека одлуката на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари да одат со посебни советнички листи за советници на претстојните избори е донесена во интерес на ДУИ. Од коалицијата велат дека не го исклучиле Таравари, но дека тој со ваквата одлука се самоисклучил. Ваквиот чекор на Таравари, според коалицијата Вреди, значи проблем во Владата, но не прецизираат дали ...

Тајни средби со Али Ахмети и со олигарси. Изет Меџити го обвини претседателот на Алијанса за албанците, и дел од коалицијата Вреди. Арбен Таравари дека со месеци преговарал зад грбот на коалицијата. Најави дека во брзо време ќе открие и докази за како што го нарече, обидот за разнебитување на Вреди. Според Меџити, коалицијата ќе настапи со заеднички листи за советници и градоначалници, без партијата на Таравари, кој според Меџити веќе е ...

Централното претседателство на Алијанса на Албанците (АА) на Арбен Таравари по повеќе од три часа дебата одлучи на претстојните локални избори да понуди сопствени листи со кандидати за советници. Таравари образложи дека оваа одлука нема да придонесе за промени, односно дека остануваат како партија во рамки на коалицијата „Вреди“ и во состав на Владата. Според Таравари, ваквиот заклучок е донесен затоа што во „Вреди“ не ја прифаќале нивната ...

Првиот вицепремиер, еден од лидерите на ВРЕДИ, Изет Меџити, очекува Алијансата на Албанците на Арбен Таравари вечерва да ја реши дилемата и да ја информира коалицијата Вреди кој пат ќе го избере. „Да разјасниме меѓу себе дали се дел од ВРЕДИ или одат со ДУИ. Доколку некој сега ја анализира состојбата, единствената можност за враќање на ДУИ во владата е поделбата на Вреди. За ваквата ситуација допринесоа и кругови од надвор“, додаде Меџити. ...

Делот од Алијансата за Албанците што ја предводи Арбен Таравари, актуелниот министер за здравство, денеска ќе одржи Централно претседателство на кое ќе се одлучува за настапот на претстојните локални избори. На Централното претседателство на партијата, како што рече, ќе заземат став како ќе продолжат понатаму. Во партијата, како што потенцира, се прават одредени анализи и анкети кои покажуваат дека во одредени општини би имале добар резултат и ...

Нови тактики и немање конзистеност во работните групи на ВРЕДИ за идната соработката. По трет пат, Таравари ги менува луѓето од работната група, првично Халил Снопче, Арбен Фетаи и Блеранд Рамадани, во втората средба Гадаф Узаири и Блеранд Рамадани, додека на последната средба потпретседателот Гезим Кадриу. Претставниците на партиите и покрај тоа што се договорија за бројот на општините, синоќа претставниците на Таравари го отвориле и прашањето ...