Американската морнарица има нова клучна мисија во Ормутскиот теснец – да пронајде и уништи ирански поморски мини пред тие да предизвикаат целосен хаос во глобалната економија. Заканата е реална бидејќи, иако залихите од илјадници мини на Иран се намалени по американско-израелската кампања, тие не се целосно уништени. Американското воено разузнавање верува дека некои од тие мини веќе се поставени на море, според американски функционер ...

Канцеларот Фридрих Мерц планира да презентира конкретна понуда за германскиот придонес во петок во Париз, пишува Euronews. Детали за германскиот предлог Според предлогот што го виде Германската новинска агенција (dpa), германската армија, Бундесверот, би обезбедила миночистачи, брод за придружба и извидувачки авиони. Мисијата би се фокусирала на расчистување на мини, поморско извидување и надзор на пошироката морска област, а би започнала по ...

Канцеларот Фридрих Мерц планира да презентира конкретна понуда за германскиот придонес во петок во Париз, пишува Euronews. Детали за германскиот предлог Според предлогот што го виде Германската новинска агенција (dpa), германската армија, Бундесверот, би обезбедила миночистачи, брод за придружба и извидувачки авиони. Мисијата би се фокусирала на расчистување на мини, поморско извидување и надзор на пошироката морска област, а би започнала по ...

Британскиот премиер Кир Стармер допатува во Париз за средба со францускиот претседател Емануел Макрон, фокусирана на повторното отворање на Ормутскиот теснец. Двајцата лидери беа забележани како позираат пред медиумите пред почетокот на приватните разговори, кои продолжија зад затворени врати. Обединетото Кралство презеде активна улога во создавањето на коалиција од земји кои не се директно поврзани со конфликтот со Иран, со цел да се осигури ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес објави дека Ормутскиот теснец е отворен. – Во согласност со прекинот на огнот во Либан, преминот за сите комерцијални бродови низ Ормутскиот теснец е прогласен за целосно отворен за преостанатиот период од прекинот на огнот, по координираната рута претходно објавена од Организацијата за пристаништа и поморство на Исламската Република Иран, изјави иранскиот министер за надворешни ...

Добивај вести на Viber Иран соопшти дека Ормутскиот теснец е повторно отворен за трговски бродови, додека американскиот претседател Доналд Трамп истовремено потврди дека американската поморска блокада на иранските пристаништа останува во сила сè додека не се финализира договорот меѓу двете земји. Во објава на платформата Truth Social, Трамп изрази задоволство од одлуката на Техеран да го отвори теснецот, оценувајќи дека тоа е чекор кон ...

Цените на нафтата паднаа за повеќе од 13 проценти денес, а американските акции пораснаа откако Иран објави дека Ормутскиот теснец е повторно отворен за премин на танкери што носат нафта од Персискиот Залив до корисниците ширум светот. Американскиот индекс S&P порасна за 1,4 проценти, а Волстрит забележа добивки трета недела по ред, индустрискиот просек Дау Џонс доби 2,2 проценти утрово, а Насдак беше повисок за 1,6 проценти. Американските ...

Крузерот „Селестиал Дискавери“ ја промени својата рута и помина низ Ормутскиот теснец наместо планираното запирање во пристаништето Хасаб во Оман, пренесува ТАСС. Според агенцијата, ова е првиот патнички брод што поминува низ теснецот по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Бродот го премина теснецот во 17.55 часот по московско време, останувајќи приближно три километри од брегот на Оман. До 18:30 часот, бродот продолжи кон југ. ...