Доколку ЕУ има „црвена линија“ кога станува збор за односите на Србија со Кина, претседателот Александар Вучиќ би можел да биде блиску до неа, но ЕУ можеби нема да се соочи со Белград поради други загрижености, проценува „Блумберг“. Европската Унија е загрижена бидејќи Србија, единствениот европски купувач на напредно кинеско оружје западно од Белорусија, го надгради својот арсенал оваа година со купување на суперсонични балистички ракети ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово објави дека пристигнал во Пекинг, каде што треба да се сретне со кинескиот колега Си Џинпинг, пренесе „Данас“. Вучиќ, во објава на „Инстаграм“, наведе дека слетал во Кина со чувство на „голема одговорност и длабока почит кон моментот“ во кој, како што тврди, ја претставува Србија во „најважната посета во својата политичка кариера“. „Ќе имам можност да разговарам со претседателот Си Џинпинг, ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека важните состаноци во Кина ќе започнат вечерва и дека најважниот дел од посетата во понеделник е многу важен за земјата. „Денес одиме на Кинескиот ѕид. Ова ми е деветти пат во Кина и ова ми е прв пат да одам таму, но тоа е и желба на домаќинот. Ќе видиме како ќе завршиме утре и се надевам дека ќе биде од најголемо значење за нашата земја и дека ќе успееме да ги постигнеме најважните ...

Дипломатскиот брод на Србија долго време плови во турбулентните светски води, помеѓу Брисел, Москва и Вашингтон, но се чини дека со години единственото безбедно пристаниште е Пекинг, оценува Би-Би-Си. Српскиот претседател Александар Вучиќ е во четиридневна посета на Кина почнувајќи од 24 мај, веднаш откако кинескиот претседател Си Џинпинг ги угости американскиот и рускиот лидер, Доналд Трамп и Владимир Путин. Тоа ќе биде една од многуте ...

Церемонијата на потпишување билатерални договори во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и кинескиот претседател Си Џинпинг започна денес во Пекинг, а ќе бидат потпишани повеќе од 23 договори и две заеднички изјави на двајцата претседатели. Српскиот претседател спомна десетина економски и финансиски проекти кои ќе бидат договорени со Кина а, исто така, најави дека добиле “неверојатно добра понуда“ за проект на нуклеарна ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денес во Пекинг, по средбите со премиерот на Народна Република Кина Ли Џијанг и Ванг Хунинг, претседател на Националниот комитет на Кинеската народна политичка консултативна конференција, дека Србија, според податоците за март, имала највисока просечна плата на Западен Балкан. „Сакам да ве информирам, за прв пат, дека Србија има највисоки плати на Западен Балкан во март“, рече Вучиќ. Вучиќ ги ...

Делегацијата на Србија во посета на Кина е предводена од претседателот на Србија, кој се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг за, како што често се слуша, да го зајакне железното пријателство меѓу двете земји. И додека продржавните медиуми ја споредуваат таа посета со посетите на Путин и Трамп на Кина, американскиот Блумберг предупредува дека Србија би можела да ја премине црвената линија на Брисел – поради набавката на кинески борбени ...