Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди ја поднесоа резолуцијата за потврда на државните политики против нелегалната миграција, но како што велат и за осуда на манипулациите на опозицијата на оваа тема. Документот пред пратениците уште утре ќе се најде на седница. Резолуцијата има 9 точки и во нејзиниот текст, како што велат од власта намерно не се користи терминот нелегални мигранти, кој вчера го проблематизираа од опозициската СДСМ. Со ...
Лидерот на СДСМ Венко Филипче од Брисел алармира за Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и најави дека ќе бара помош од цела Европа, а потпретседателката на партијата Јована Тренчевска од пред Уставниот суд најави преставка до Судот за уривање на демократијата. СДСМ жестоко реагира дека Резолуцијата е директен удар врз демократијата, слободата на говор, мислењето и политичкото дејствување и дека со Резолуцијата власта сака да ја забрани опозицијата. ...
Мнозинатвотро во Собранието ја изгласа Резолуцијата за мигранитете кои сами ја поднесоа. За Резолуцијата која ја насловија како „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“, „за“ гласаа 65 пратеници и пет беа „против“. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во образложението истакна дека парламентарното мнозинство и Владата имаат јасна, доследна и ...
Собранието попладнево ја изгласа „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. Со овој документ, парламентарното мнозиство стави точка на шпекулациите за населување мигранти, истовремено поништувајќи ги одлуките на претходната влада на Зоран Заев поврзани со ова прашање. Резолуцијата, која беше поднесена од група пратеници меѓу кои Никола Мицевски, Антонијо Милошоски, Халил ...
Од моментот кога опозицијата побара од владејачката ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржи резолуцијата со која јасно се утврдува дека државата нема да прифати мигранти од Велика Британија, политичката сцена доби нова димензија. Наместо поддршка на веќе поднесената иницијатива, владејачката партија излезе со своја, посебна резолуција. Прашањето што логично се наметнува е: зошто беше потребна нова резолуција, кога веќе постоеше јасен и недвосмислен предлог од ...

