Францускиот претседател Емануел Макрон ќе побара активирање на инструментот против принуда на Европската Унија (ACI) откако американскиот претседател Доналд Трамп објави нови тарифи за европските земји поради Гренланд. Макрон, кој во саботата ја нарече заканата со тарифи „неприфатлива“, беше во контакт со европските колеги и ќе го поднесе барањето во име на Франција, според лице блиско до претседателот кое побара анонимност за да се ...

Европската Унија е под зголемен притисок да го активира својот инструмент против принуда, познат и како трговска „базука“, како одговор на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини доколку Данска одбие да го продаде Гренланд. Францускиот претседател Емануел Макрон побара активирање на механизмот, додека италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека царините на Трамп се „грешка“ и потенцираше можен прекин на ...

Европската унија има „алатки“ да го одврати американскиот претседател Доналд Трамп од воведување нови царини за земјите коишто испраќајќи војници на Гренланд искажаа противење на анексија на арктичкиот остров од страна на САД, предупреди во понеделникот комесарот на Европската комисија, Стефан Сежурне, додавајќи дека „Гренланд никогаш нема да биде американски“. „Оваа уцена мора да престане. Мислам дека американската влада прави голема грешка: ...

Францускиот претседател Емануел Макрон бара од ЕУ да го активира својот инструмент против принуда, таканаречената трговска „базука“, како одговор на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за царини поради Гренланд. Во саботата, Трамп се закани дека ќе воведе царини за европските земји кои се спротивставуваат на неговите планови да ја преземе контролата врз Гренланд, што ги натера амбасадорите на ЕУ да свикаат итен состанок за ...

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, ја исклучи можноста Европската Унија да го користи својот инструмент против принуда поради заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на царините. Бесент во интервју за CNBC изјави дека очекува следниот потег на Европската Унија да биде формирање работна група. Инструментот против принуда на ЕУ никогаш не е користен во историјата и се користи за ограничување на пристапот до ...