Во текот на денешниот натпреварувачки ден, исто како и вчера, ќе се одиграат шест меча од 3.коло во групите Е, Ф и Д. Познато е дека Германија и САД се веќе во нокаут фазата, а сега на потег се селекциите на Холандија, Јапонија… Во последното коло од Групата Е, Курасао и Брегот на Слоновата Коска играат натпревар кој директно одлучува за второто место во нокаут фазата: „Слоновите“ се во удобна позиција со три бода и подобра гол-разлика од ...

По речиси една деценија американска доминација, Кина повторно освои едно од најпрестижните признанија во светот на напредното пресметување. Новиот кинески суперкомпјутер, наречен LineShine го освои првото место на најновата листа TOP500 на најмоќните суперкомпјутери во светот, потиснувајќи го американскиот El Capitan на второто место. Ова е прв пат од 2017 година кинески систем да се најде на врвот на рангирањето. Претседателот на САД ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски е убеден дека во дадениот рок ќе бидат донесени сите реформски закони, а со тоа ќе бидеме прворангирани на јунското „мерење“ за почеток на преговори во ЕУ и со официјална одлука на почетокот на јули ќе бидат ослободени уште средства за земјава. -Апсолутно, да не речам дека сум сигурен дека тука веќе ќе влеземе како првопласирани. Има последни нивелирања на одредени законски решенија и индикатори ...

Нокаут фазата на Светското првенство ќе започне со натпреварот Јужна Африка – Канада, што е единствениот дефинитивно позната двојка од шеснаесетфиналето. Со речиси стопроцентна сигурност може да се тврди дека САД – БиХ ќе бидат двојка во шеснаесетфиналето (1 јули, 15:00 часот). Можеби затоа во таборот на селекцијата на БиХ веќе се пее хитот – Проклета е Америка. Натпреварот Јужна Африка – Канада ќе се игра во недела, 28 јуни, од 21:00 часот ...

Британската инфлуенсерка Брук Џорџ е обвинета за убиство на Британец во нејзиниот стан во Обединетите Арапски Емирати, откако наводно била злоупотребена од него. Таа е обвинета за убиство со предумисла и, доколку биде осудена, се соочува со смртна казна, објави „Телеграф“. Џорџ тврди дека дејствувала во самоодбрана откако човекот, кого го запознала на Фејсбук, станал насилен и постојано ја напаѓал. Нејзиното семејство вели дека таа ги ...

Венецуела е во трка со времето по двата катастрофални земјотреса што во период од 40 секунди ја погодија јужноамериканската земја. Спасувачи, волонтери и роднини со голи раце се обидуваат да продрат под урнатините, од каде што со часови се слушаат гласови и повици за помош додека избезумани родители очајно ги бараат најблиските. Се трага по 10 илјади луѓе. -Антонио! О, Боже мој... Антонио... извикуваше жителка на Каракас. -Сцените беше како ...

Нов бран апсења на Специјалното полициско одделение (СПО) – по налог на Специјалното државно обвинителство (СДО), лишени се од слобода повеќе лица во Подгорица, Цетиње и Тиват. Како што пренесува „Вијести“, меѓу уапсените е и службеник на Управата за полиција. Како што се наведува во соопштението на СДО, апсењата се во тек поради постоење основи на сомнение дека повеќе лица сториле кривични дела создавање криминална организација и ...

Нови лекови на позитивна листа од јули, најави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на брифинг со новинарите. – Значи, конечно ќе ги има во аптека Клексан и Фраксипарин, и плус уште еден. Се работи за лекови, антикоагуланси. Генерално, за неколку различни популации. Да кажеме од акутни случаи, постоперативно, за спречување на коагулации после тешки интервенции. На пример после замена на колк, се користат ...

Раното откривање на повторната појава на малигните заболувања може значително да ги подобри шансите за успешно лекување. Токму во таа насока, на ЈЗУ Универзитетска клиника за урологија во Скопје беше претставена современата метода ctDNA (циркулирачка туморска ДНК), која овозможува откривање на микроскопски траги од тумор преку анализа на крв. Од Клиниката информираат дека оваа метода може да покаже присуство на туморски клетки дури и во ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, присуствува на меѓународниот саем MUNI EXPO во Тел Авив, Израел, на еден од најзначајните меѓународни настани посветени на локалната самоуправа, паметните градови, урбаните иновации и современото управување со кризи. Ѓорѓиевски соопшти дека на настанот, на кој учествуваат претставници на градови, институции и компании од повеќе земји, се разменуваат искуства и современи решенија за поефикасно ...

Соседна држава, која е членка на Европската Унија, користи дипломатски канали за да шири опасна теза и да лобира кај останатите партнери, на Македонија да ѝ се скратат сите европски фондови и финансиска помош! Оваа информација денеска ја обелодени премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница, одговарајќи на пратенички прашања. Според неговите зборови, зад ова стои јасна и подмолна стратегија: сопирање на македонскиот напредок и ...

„Лидерот“ беше идентификуван од „CENTCOM“ како Али Хусеин ал-Улави. Пентагон соопшти дека Улави е убиен како дел од „тековните напори на САД“ за попречување и убивање на терористи кои „сакаат да нападнат Американци во странство или татковината“. „CENTCOM“ работи „заедно со регионалните партнери“ за да ги постигне овие цели, се вели во соопштението. „CENTCOM и нашите партнери остануваат посветени на искоренување на преостанатите остатоци од ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски одговараше на пратенички прашања во Собранието. Тој, најави почеток на преговори за нов колективен договор и зголемување на платите во Армијата, нагласувајќи дека Владата веќе ги сервисира обврските наследени од минатото. – Од понеделник ќе започнеме со нов колективен договор, од следна година ќе се зголемат платите од Армијата, ќе се зголеми бодот и од наредните години со буџетот ќе има процентуално ...

„Во време на брзи геополитички промени, во свет кој рапидно се менува, повеќе од потребно е да ги разбереме овие промени и да најдеме начин да се прилагодиме на нив, затоа што безбедноста – наша и на сите граѓани на Алијансата е приоритет за одбраната“, рече заменикот министер за одбрана Адмир Шабани денеска на отворањето на третата меѓународна научна конференција „MILCON 26“, организирана од Воената академија. Заменикот министер истакна ...

Таксата за влез во Венеција, која првпат беше воведена во 2024 година, би можела значително да поскапи во блиска иднина. Новоназначениот градоначалник на Венеција, Симоне Вентурини, најави предлог дневната такса за еднодневни посетители во одредени денови да се зголеми на 50 евра, со цел да се намали прекумерниот туризам. Идејата доаѓа по податоци кои покажуваат дека сегашните цени, 5 евра за рана резервација и 10 евра за последен момент, ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода вкупно десет лица, откако при извршени прегледи кај нив била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи. На подрачјето на Скопје, на 24 и 25 јуни, полициски службеници од СВР Скопје привеле осум лица – Ч.Ј. (47), А.Т. (19), Е.Р. (48), Б.Х. (27), Д.А. (18), Ж.Е. (48), Е.Е. (39) и Д.Д. (53), сите од Скопје. При прегледите ...

Заедно со емотикон од фудбалска топка, бендот напиша: „ I am from Bosnia - we will play against America?“ (Јас сум од Босна - ќе играме против Америка?) . Ова е јасна алузија на нивната хит песна, неофицијалната химна на Змејовите, чиј текст гласи „I am from Bosnia, take me to America“. Бендот го следеше натпреварот заедно, а по победата го отсвирија хитот што деновиве се пушта во САД. Би-Би-Си пишува и за песната Една од најпознатите песни ...

Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туристички. Ова го подвлече денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратенички прашања. На денешната собраниска седница за пратенички прашања, тој истакна дека со проектот Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, односно дека проектот ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на седницата во Собранието, одговарајќи на пратеничкото прашање на претседателот на опозицијата Венко Филипче му порача дека причината поради која граѓаните планираат да ја напуштат Македонија, не е недостиг на перспектива, туку недоверба во правдата и институциите, бидејќи како што рече, го гледаат токму Филипче и поранешните функционери од СДСМ како уживаат на Харис Џиновиќ во Дубаи и на јахти, наместо ...

Засега во земјотресите загинале 164 лица, додека Геолошкиот институт на САД, УСГС, предвидува дека црниот биланс би можел да достигне до 10.000. Así se vio el Terremoto en caracas VENEZUELA, La pastora se rumora que los temblores continuarán así que todos permanezcan en un lugar seguro y aseguren a sus familiares, DIOS TIENE EL CONTROL😖🙏🏽 pic.twitter.com/aeG9vB7oXT — BAEZ👑 (@Baeztvshow) June 24, 2026 Според официјалните податоци, првиот ...

Завршницата на групната фаза од тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада е во полн ек. Третото коло минува, дел од репрезентациите слават пласман понатаму, а дел од нив веќе ги пакуваат коферите. Кој разочара, а кој импресионираше во синоќешните дуели коментира, Горазд Михаилов, кој што е презадоволен од настапот на Босна и нивниот историски успех на овој турнир, како и фактот дека Бразил го потрдува она што реално сите го очечуваме. А ...

Се очекува бројот на жртви значително да се зголеми, а многумина се водат како исчезнати. Земјотресите го погодија северниот дел на Венецуела, западно од Каракас. Venezuela 🇻🇪: Entire homes collapsed in the town of Diego Ibarra in Carabobo state. pic.twitter.com/UsllX7YEsm — Thomas van Linge (@ThomasVLinge) June 25, 2026 Вршната претседателка Делси Родригез прогласи вонредна состојба откако два земјотреси и последователни потреси ја ...

Ако прогледавме низ прсти, ќе имавме 80 држави во државава, изјави претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, образложувајќи ја одлуката поврзана со преименувањето на улици и инфраструктурни објекти во Тетово. Според него, доколку Судот дозволел да се заобиколат законските процедури и потребните согласности, ќе се создал опасен преседан што би можеле да го следат и другите општини, што би водело кон правна анархија. Костадиновски ...

„Му се допаѓало некому или не, Законот за јазиците ќе биде решен“, порача претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, во интервју за ТВ Сител, нагласувајќи дека предметот ќе добие епилог откако Судот ќе биде комплетиран. Тој ги отфрли обвинувањата за етничко надгласување и мајоризација, истакнувајќи дека судиите одлучуваат врз основа на Уставот и правните аргументи, а не според етничката припадност. „Jас имам кажано нема компромиси ...

Реконструкцијата е сосема нормален чин, кој гарантира дека ќе се оддржи свежината и дека ќе има нова енергија што ќе овозможи реализирање на повеќе проекти изведени на подобар начин, посочи проф. д-р Александар Спасеновски од Правниот факултет при УКИМ во „За или против“ на ТВ Алфа. Професорот смета дека е важно да се истакне свесноста за тоа дека треба тимот да се менува и да се унапредува затоа што тоа ќе биде нов ветер во едра за ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) анализира можност за проширување на евтината тарифа на електричната енергија, а една од опциите е таа покрај во недела да важи и во сабота. Претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, вели дека викендите има вишок електрична енергија на пазарот, бидејќи најголем дел од индустријата не работи. Според Ристов, се разгледува и можност за проширување на евтината дневна тарифа во периодот кога берзанските цени на ...

Рио Фердинанд страсно го брани Кристијано Роналдо по неговата брилијантна игра и двата гола за Португалија против Узбекистан на Светското првенство. Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед се огласи на социјалните мрежи за да им порача на критичарите на Роналдо да замолчат, истакнувајќи ја неговата неверојатна долговечност, историските рекорди во постигнување голови и способноста секогаш да настапува на највисоко ниво на најголемата ...

Скопјанец вчера бил приведен во Крива Паланка откако претходно се обидел да измами повозрасна жена барајќи ѝ сума од 35 илјади евра, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Четириесет и петгодишниот Н. Д. ѝ се јавил телефонски на жената и се претставил како лекар од Италија велејќи дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе скршеници на ногата и вилицата. За да ѝ биде направена операција тој побарал 35 ...

Земјотресите соборија голем број згради. Луѓето во урнатините бараат помош. Во Каракас прогласена е вонредна состојба. Според официјалните податоци, првиот земјотрес бил со јачина од 7,2 степени, додека вториот, уште поразорен, бил со јачина од 7,5 степени според рихтеровата скала. Главниот аеродром во Каракас е затворен, возовите не сообраќаат, обемот на штетата сè уште се проценува, но се верува дека е огромна. Зградите се без струја, а ...

Босна го победи Катар со 3-1 во 3-то коло од Групата Б на Светското првенство, освојувајќи го третото место во групата и со тоа пласман во нокаут фазата. Таму, на 2 јули во 2:00 часот по локално време, го чека домаќинот САД. БиХ направи одличен повраток на својата историска победа, нејзиниот прв премин во нокаут фазата на Светското првенство во историјата на националниот тим. ФИФА им дава на сите фудбалски асоцијации чија репрезентација ќе ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.71
43%
1021
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.58
60%
1020
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
0.69
60%
1020
weather icon

Софија

28ᴼ / 23ᴼ
2.67
31%
1023
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.68
43%
1022
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
0.31
71%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
5.36
45%
1016
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
0.4
40%
1018
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
0.84
40%
1019
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
47%
1021
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 31ᴼ
0.89
44%
1020
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
7.82
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Калај

50.56

Злато

131072.82

Рутениум

49029.89

Родиум

249168.29

Алуминиум

3.20

Бакар

12.33

Платина

51923.46

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Паладиум

38195.09

Иридиум

233896.68

Сребро

1902.84