Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Хуи Ка Јан, основачот на „Евергранде“, градежниот гигант кој беше во центарот на кризата на кинескиот пазар на недвижности, беше осуден на доживотен затвор, а целиот негов приватен имот беше конфискуван. Тој се изјасни за виновен во април по неколку обвиненија, вклучувајќи проневера и поткуп во корпоративниот сектор. Средниот народен суд во Шенжен, исто така, ги казни неговите поранешни компании со вкупно 15,82 милијарди јуани (3,93 ...
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полицијата уапсила 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив, осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, при што еден од нив предизвикал сообраќајна незгода, додека еден возач управувал возило и покрја тоа што имал активна забрана. По целосно ...
Кафето е суштински дел од утринскиот ритуал на многу луѓе, но ако земате додатоци на железо, важно е да обрнете внимание на времето на консумирање. Ако пиете кафе кратко време по земањето железо, вашето тело може да апсорбира значително помалку од овој важен минерал. Важноста на правилното закажување За да се обезбеди максимална корист од додатоците во исхраната, експертите препорачуваат да поминат најмалку еден до два часа помеѓу земањето ...
СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, со тим, добра програма и конкретен план за иднината на државата, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања. Тој најави дека веќе во текот на септември СДСМ ќе го претстави Мастер планот за Македонија, со што граѓаните ќе можат јасно да ја видат понудата на партијата. „Го кажав тоа неколку пати до сега, секогаш сме подготвени. И со тим, и со добра програма, ...
НАСА објави анимиран приказ на кратерот пред и по падот на горната фаза на ракетата „Фалкон 9“ на површината на Месечината на 5 август. Американската вселенска агенција НАСА објави нови фотографии . Фотографиите доаѓаат од сателит што орбитира околу Месечината и откриваат нов кратер широк околу 18 метри, создаден кога залутан дел од ракета на SpaceX ја погодил површината на Месечината на почетокот на месецот. Тоа е горната фаза од ракетата ...
Два одделни инцидента се случиле за само неколку часа на подрачјето на Бит-пазар во Скопје. Во првиот бил уапсен 33-годишен скопјанец поради закани кон вработени во финансиско друштво, а во вториот маж и неговиот внук биле нападнати со тврд предмет, по што напаѓачите им го оштетиле автомобилот. Првиот инцидент се случил вчера околу 10 часот, а полицијата во 11:15 часот го привела 33-годишниот И.Ј. (33) од Скопје. „На 20.08.2026 во 11:15 ...
Музичкиот фестивал „Офлимитс“ во Абу Даби, каде што Шакира требаше да биде главна ѕвезда, заедно со браќата Џонас и Бифи Клајро, како и пејачот Не-Јо, е откажан. Фестивалот првично беше закажан да се одржи на 4 април, но подоцна беше преместен за 21 ноември, а местото на одржување беше „Етихад Парк“ на островот Јас во Абу Даби. Во вторник, организаторите на официјалната веб-страница на фестивалот објавија дека сите билети ќе бидат ...
По нешто повеќе од еден месец, здравствените власти ја укинаа епидемијата во Гостивар, прогласена поради загадената вода во градскиот водовод. Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес извести дека нема нови случаи на заразени од водоводот. „Денска Центарот за јавно здравје Тетово одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар. Според нивните епидемиолошки податоци нема веќе случаи на гастроентероколитис, ентероколитис или ...
МВР информира дека рано утринава околу 02:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Џ.У. (24) и Р.Ш. (34), двајцата од село Теарце, како и Р.Б. (41) и Н.Б. (47), двајцата од село Ѓермо. Според информациите од полицијата, четворицата во угостителски објект на улицата „Маршал Тито“ во Тетово го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Тие биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање ...
Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да се врати на моделот каде што разни функционери од кабинетот одржуваат прес-конференции во Белата куќа, по заминувањето на прес-секретарката Каролин Ливит на крајот од овој месец. Според извори на CNN, сè уште нема конечна одлука за тоа кој ќе го замени Ливит. Висок функционер на Белата куќа рече дека Трамп „сè уште не знае кого да избере“ и не покажува итност по ова прашање. Во меѓувреме, ...
Општина Илинден започна со реализација на проектот за пренамена на постојната кујна во детската градинка „Гоце Делчев“, со што ќе се обезбедат дополнителни простории за престој и згрижување на дечињата. По изградбата на новата централна кујна, чија реализација е во завршна фаза, постојниот кујнски простор ќе биде целосно реконструиран и пренаменет во две нови занимални. „Во рамки на градежните активности е предвидена изведба на нови ...
Шест дронови лансирани од руските вооружени сили во текот на ноќта помеѓу четврток и петок го погодија селото Лебјаже, во областа Чухуив, Харковски регион, предизвикувајќи две жртви. Според гувернерот на Харков, Олег Синегубов, цитиран од украинската новинска агенција „Униан“, во нападот загинале 73-годишен маж и 66-годишна жена. Две други лица, 41-годишен маж и 73-годишна жена, беа повредени и добија потребна медицинска помош, јавува tch. ...
Странските државјани кои со возила со странски регистарски таблички сообраќаат во Македонија од сега можат онлајн да ги проверуваат сообраќајните казни и да ги плаќаат електронски. Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, информираше дека е активирана апликацијата „Безбедна земја“, која во оваа фаза е наменета токму за возачите на возила со странски регистарски таблички. Преку апликацијата, возачите можат да ги видат ...
Со појавата на филмот „Одисеј“, легендарниот остров Итака повторно е во центарот на вниманието на јавноста. Островот, кој со векови се сметал за дом на еден од најпознатите херои на античкиот свет, денес привлекува сè повеќе туристи. Исто така, го привлекува вниманието на археолозите кои се обидуваат да откријат колку приказната на Хомер е навистина заснована на историски настани. Дали историскиот владетел кој послужил како инспирација за ...
Ненадејната одлука на принцот Хари и Меган Маркл да се преселат во Велика Британија ја шокираше светската јавност, а сега се шпекулира дека тие се селат поради семејството на принцезата Дајана. По години поминати во Калифорнија, двојката наводно сака да биде поблиску до семејството на Хари, додека нивните деца наскоро ќе направат голем чекор – ќе започнат со школување во Велика Британија, пишува Би-Би-Си. Иако одлуката беше донесена ...
Цените на дизелот во Германија се зголемија за повеќе од 30 проценти за два месеци, достигнувајќи го највисокото ниво за три месеци, бидејќи растечките цени на нафтата, прекините во снабдувањето и зголемените логистички трошоци ги зголемуваат цените на горивата, пренесува Анадолу. Цените на горивата низ Европа се зголемија бидејќи геополитичките конфликти, вклучувајќи ја војната меѓу Русија и Украина и тензиите во кои се вклучени САД, ...
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина од почетокот на целосната инвазија на 24 февруари 2022 година, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина на 21 август, пишува Киев Индепендент. Бројката вклучува 1.390 руски воени загуби регистрирани во последните 24 часа. Според украинските податоци, руските сили досега изгубиле и: 12.286 тенкови 25.170 оклопни борбени возила 137.369 возила и цистерни за гориво 48.318 ...
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) денес објави дека уапсило жена осомничена за планирање бомбашки напад врз седиштето на владата и законодавниот дом на државата Њујорк во Олбани, каде што се наоѓа канцеларијата на гувернерката Кети Хохал. ФБИ во поднесената жалба до федералниот суд изјави дека 35-годишната Џесика Боуви се заколнала на верност на терористичката организација Исламска држава (ИД) во онлајн комуникациите и почнала да го ...
Утрово селата Бонче, Подмол и Лопатица се безбедни. Тешка ноќ имаа пожарникарите од Прилеп и доброволните пожарникари од Битола ангажирани преку ДЗС, тешка ноќ имавме сите ние коишто се наоѓавме во самото село Лопатица коешто синоќа беше загрозено од пламените јазици, кажа директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „Пожарната линија којашто беше видлива од регионалниот пат Прилеп – Битола е целосно изгасната, активен е само еден крак, високо над ...
„Христијан Мицкоски повторно ги стави изборите во оптек. Прво рече дека граѓаните не сакаат предвремени избори. Потоа рече дека ако опозицијата побара, нема да седи како кукавица, ќе прифати и ќе победи. Тоа не е став. Тоа е монтажа. Самиот си ја пишува понудата. Самиот си ја чека нарачката“, велат од СДСМ. „Вучиќ најави избори. Веднаш и Мицкоски. Тоа не е случајност. Веќе работи по налог. Затоа веќе знае кога се изборите. Само уште нас не ...
Вкупно 757 американски војници се ранети од почетокот на војната со Иран кон крајот на февруари, покажуваат податоците на Пентагон. Од нив повеќе од 580 се припадници на армијата, 86 се од морнарицата, 64 од военото воздухопловство, а 19 се маринци. Пентагон и Централната команда на САД досега имаат објавено само штури информации за околностите во кои биле ранети војниците, како и за евентуалната штета на американските воени бази во ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Времето ...
Украина му го отежна животот на Владимир Путин во последните месеци. Но, многу Руси стравуваат дека овој месец ќе биде уште полош за претседателот, бидејќи го погодува „августовата клетва“. – Август е проклет месец за нашата земја, објави крајно десничарскиот, про-Кремљски телевизиски канал „Царград“, предупредувајќи ги Русите да се подготват за искушенија од непријателот. „Украина и нејзините западни господари планираат уште еден голем ...
Во тек е интервенција на пожарот во реонот на селото Никуштак, во Општина Липково, каде што во гаснењето се вклучени и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На терен дејствуваат „ер тракторите“ на ДЗС, кои од воздух интервенираат врз зафатеното подрачје. Во Никуштак се распоредени и пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово, кои од земја учествуваат во справувањето со огнот. Видеоинсертите од терен ...
Ако често страдате од запек, решението може да биде поедноставно отколку што мислите. Новите упатства истакнуваат неколку намирници кои можат да помогнат во ублажувањето на овој непријатен проблем, а кивито особено се издвојува. Запекот најчесто се препознава по поретко празнење на цревата, тврда или грутчеста столица и напрегање и непријатност при одење во тоалет. Проблемот може да биде поврзан со недоволен внес на влакна и течности, ...
„25 години по Охридскиот рамковен договор, Министерството за внатрешни работи дистрибуира официјален материјал за граѓаните и посетителите само на македонски јазик. Во држава во која Албанците се државотворен народ, ова не е случајност и не може да се оправда како „технички пропуст“. Ова е одраз на начинот на кој оваа Влада го третира албанскиот јазик и Албанците. А ВЛЕН молчи“, велат од Алијанса за Албанците. „Молчи Изет Меџити, кој 25 ...
Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по Рихтер го потресе јужен Перу, објави Националниот сеизмолошки центар. Епицентарот бил на длабочина од околу 66 километри во покраината Паринакочас, департман Ајакучо, околу 800 километри јужно од главниот град Лима. Засега нема извештаи за жртвим според видеата, има огромни материјални штети. Едно од видеата покажува како зграда буквално паѓа додека тлото се тресе. Земјотрес со интензитет ...
„Мала Преспа е доказ дека границите можат да ги поделат териториите, но не можат да го избришат јазикот, културата и чувството на припадност“, напиша на социјалните мрежи, премиерот Христијан Мицкоски. „Со особена чест денес сум меѓу Македонците од Мала Преспа и како покровител на фестивалот ја испраќам пораката дека Македонија е со вас. Ќе продолжиме да ја јакнеме соработката и поддршката за македонскиот јазик, култура и традиција, затоа ...
Неодамнешна анализа на научни трудови го истражуваше влијанието на полифенолите од какао врз здравјето на мозокот, од расположението и меморијата до невропластичноста. Иако какаото покажува интересни ефекти, најсилните когнитивни придобивки досега се чини дека се ограничени на претклиничките истражувања. Исхраната сè повеќе се препознава како важен фактор за здравјето на мозокот, а биоактивните соединенија како што се полифенолите од какао ...
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, повторно проговори за еден од најтешките периоди од своето детство, бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО во 1999 година. Во март истата година, неколку недели пред неговиот 12-ти роденден, Ѓоковиќ и неговото семејство морале да го напуштат својот стан во Белград бидејќи експлозии одекнувале низ градот. Неговите трогателни спомени се дел од новиот документарен филм „Новак ...