Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Најавеното зголемување на банкарските провизии претставува уште еден удар врз животниот стандард на граѓаните и уште еден доказ дека банкарскиот сектор продолжува да ги става профитите пред интересите на населението, рече денес пратеникот Борислав Крмов. Иако банките според Крмов, веќе остваруваат рекордни добивки, наместо да ги намалуваат трошоците за своите корисници, тие најавуваат нови поскапувања на услуги за кои имаат минимални или ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) објави официјални документи за кои тврди дека се од Агенцијата за катастар кои отвораат сомнежи за имотно-правните и деловните односи меѓу поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на НОМАГАС, Недим Рама. „Според официјалните податоци од Катастарот: • Во Имотен лист бр. 730 за Катастарска општина Лисец-Вонград, како носители на правото се заведени Висар Ганиу и ...
Македонскиот атлетичар и член на АК „Скопски маратон“, Дарио Ивановски, победи на полумаратонот на 10. јубилејно издание на „Охрид трчат“ што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Тој патеката од 21 километар ја мина за време од 1 час 10 минути и 46 секунди. Втор на целта на 21 километар пристигна Игор Трипуновски од Македонија со време 1:19:22 часа, а трет беше Томаш Суњог од Унгарија со време 1:21:52 часа. Во женска конкуренција на ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес го презентираше системот СМАРТ лиценци, кој претставува уште еден практичен чекор во дигиталната трансформација на јавните услуги. Станува збор за целосно електронски систем за издавање, проверка и јавно следење на лиценци преку електронски регистар и QR код. Како што истакна министерот Андоновски, целта на овој систем е секоја лиценца издадена од институција да може да се ...
СДС и Венко Филипче не можат да ја скријат нервозата, па се претворија во бугарска испостава, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС и Филипче не можат да го прифатат фактот што државата конечно има државничка Влада која ги штити државните интереси и забележува позитивни резултати, и на внатрешен и на меѓународен план. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Македонија може да води европска политика без понижување, без тргување со идентитетот и ...
Управта за хидрометеорологија за денес прогнозира сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе ...
Граѓаните на Косово денеска повторно излегуваат на парламентарни избори, третпат во последните 18 месеци, откога ниту една партија не успеа да обезбеди доволно силно мнозинство за да се стави крај на политичката криза во земјата. Косово е без функционална влада изминатата година, бидејќи парламентот не успеа да избере претседател. И на овие избори анализите покажуваат победа на Самоопределување на актуелниот премиер Албин Курти кој победи и ...
Преполна сала, долги овации и силни емоции ја одбележаа изведбата на современата танцова претстава „Ајде!“ во организација на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. Големиот интерес на публиката резултираше со целосно исполнета сала на Загрепскиот танцов центар, што претставува уште една потврда за растечкиот интерес за македонската современа уметност и култура во Хрватска. Публиката уживаше во впечатливата и моќна танцова ...
Охрид викендов е во знакот на трчањето и спортот. Јубилејното 10-то издание на атлетскиот викенд „Охрид трчат“ привлече повеќе од 2.700 учесници од над 30 држави. Организаторите оценуваат дека станува збор за најмасовното издание досега на една од најпрепознатливите спортско-туристички манифестации во земјата. Во 8:15 часот утрово стартува полумаратонот на 21 километар и штафетниот полумаратон, додека трката на 5 километри е од 9:00 часот. ...
Тенерифе ја приреди најголемата сензација во европската кошарка оваа сезона. Тимот од Канарските Острови го елиминираше Реал Мадрид, а конечниот резултат од третиот натпревар од четвртфиналната серија од плејофот на АЦБ лигата во „Висинк Центарот“ беше 95:107 (24:23, 21:26, 28:21, 22:37). Иронично е што тимот на италијанскиот тренер Серхио Скариоло стигна многу подалеку во Евролигата, односно до финалето, а последен пат „кралскиот клуб“ беше ...
Португалија го победи Чиле со 2:1, во пријателски меч одигра во Лисабон. Натпреварот го обележа она што се случи во финишот на првото полувреме, кога судијата подели два црвени картони. Физички се пресметаа чилеанскиот дефанзивец Иван Роман и португалската ѕвезда Рафаел Леао. Рамон заврши на земја откако Леао го турна во лицето со рака, по што другите играчи ја смирија ситуацијата. Судијата им покажа на Рамон и на Лео директни црвени ...
Плановите на Арсенал да доведе голема ѕвезда во летниот преоден рок, барем засега нема да се остварат. Хулијан Алварез, напаѓач означен како приоритет од страна на менаџерот, Микел Артета, одбил да се пресели во Лондон. Според, новинарот на „СЕР Депортивос“, Педро Фулана, Арсенал е единствениот клуб подготвен да даде конкретна понуда до Атлетико за 26-годишниот напаѓач. Сепак, договорот не е можен бидејќи Алварез немал намера да се враќа во ...
Мира Андреева е шампионка на Ролан Гарос. Русинката стигна до својата прва Гренд слем титула откако ја победи со 6:3, 6:2 плјачката Маја Хвалинска. На 19 години, Русинката стана најмладата шампионка на Роалан Гарос од Моника Селеш во 1992 година. До победата дојде на импресивен начин. Двете го започнаа натпреварот доста нервозно, и на двете им пречеше силниот ветер. Првите четири гема беа со ист број брејкови. Кога Хвалинска првпат го ...
Андреа Кими Антонели ја освои пол-позицијата пред утрешниот старт на Големата награда на Монако, поставувајќи време за 43 илјадитинки побрзо од Макс Ферстапен во последниот обид, кога истече времето предвидено за квалификациите. Додека лидерот во шампионатот, тинејџерот од на Мерцедес ја преминуваше целта, Шарл Леклер, домашниот миленик, возач на Ферари, заврши во ѕидот во близина на пристаништето и го оштети своето возило, откако минута ...
По 45. пат денеска во Кочани родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ маршираа барајќи правда и вистина за своите блиски. Од овој марш кој започна во 18:05 часот од Паркотна Револуцијата беше упатено прашање до институциите дали секој што имал должност ја извршувал совесно, професионално и во рамките на своите овластувања. -Со секоја должност доаѓаат обврски. Со секое овластување – одговорност. Со секоја униформа – очекувања дека ќе се ...
Се финализира еден од најзначајните инфраструктурни проекти во населбата Саат Кула, кој опфаќа реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација. Со оваа инвестиција ќе се обезбеди поквалитетно водоснабдување, пофункционален канализациски систем и подобри услови за живот на жителите од ова населено место. -Инвестираме во основната инфраструктура која директно влијае врз квалитетот на животот на граѓаните. Со ...
Американски лекар, кој се заразил со ебола додека работел на хуманитарна мисија во Конго, е отпуштен од болница во Германија откако се опоравил од потенцијално фаталната болест, објавија денеска американските медиуми. Питер Стафорд работел со мисионерската група „Серж“ во Конго кога се заразил со вирусот, соопшти претходно групата. Тој бил евакуиран во болница во Берлин на 20. мај, а неговата сопруга, исто така лекарка која волонтира во ...
Во преполната сала на Домот на култура „Билјана Беличанец“ денес се одржа првиот детски фестивал „Киселко“, во организација на Општина Кисела Вода. На фестивалот премиерно беа изведени 12 нови детски песни. Покрај соло изведувачите, на сцената настапи и сопственото хорче на „Киселко“, додека за кореографијата беа задолжени членовите на балетското студио „Данса Латина“. Учесниците на фестивалот беа избрани преку процес на аудиции кои се ...
Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, денеска го лишиле од слобода Г.А. (43) од село Шишево, скопско, по пријава дека пукал со огнено оружје кон соселанец и му нанел повреда. Како што информираат од МВР, денеска околу 16:10 часот И.Ш. од село Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г.А. и С.А., по што Г.А. извадил пиштол и испукал кон него. Притоа, пријавителот се здобил со повреда во пределот на увото. ...
Папат Лав, во моќниот говор со кој започна еднонеделната посета на Шпанија во саботата, ги повика светските лидери да избегнуваат делење на гласачите со „стерилни поедноставувања“ за да добијат популарност и ги повика да ги слушаат светските повици за мир. Лав, кој неодамна го налути американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи ги неговите антиимиграциски политики и војната во Иран, ќе се сретне со бездомници во Мадрид и на Канарските ...
Израелската армија денеска нареди итна евакуација на сите жители на пет градови и села во јужен Либан, јави ДПА. Портпаролот на армијата Авичаи Адраех рече дека жителите треба веднаш да ги напуштат своите домови за своја безбедност и да се преселат северно од реката Сахрани. Секој што останува во близина на борците на Хезболах, нивната опрема или муниција ги става во опасност нивните животи, објави тој на X. Како основа за дејствијата на ...
Седумдесет и осумгодишна жена од Скопје се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од автомобил на улицата „Атанас Митрев“ во Скопје. Како што информира МВР, несреќата се случила вчера околу 19 часот, кога патничко возило опел вектра со охридски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Д.В. од Скопје, удрило во пешакот С.О. (78) од Скопје. Повредената била пренесена во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што ѝ биле ...
Пожар избувнал на полу-приколка од товарно возило на регионалниот пат Валандово–Струмица, на делницата меѓу селото Костурино и Струмица. Според информациите од МВР, полу-приколката била влечена од влекач ман со бугарски национални ознаки, управуван од Б.М. (28) од беровското село Русиново. На местото интервенирала Територијалната противпожарна единица Струмица, која успешно го изгаснала пожарот. Во инцидентот нема повредени лица, а увид е ...
Триесет и двегодишна жена се здобила со тешки повреди откако во неа удрил електричен тротинет на улицата „Илинденска“ во Тетово. Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера околу 10 часот, кога електричен тротинет управуван од 16-годишен малолетник од тетовското село Лисец удрил во И.Ѓ. (32) од селото Непроштено. Повредената најпрво била пренесена во Клиничката болница во Тетово, а поради сериозноста на повредите била ...
Полициски службеници од СВР Велес вчера го привеле 49-годишниот Р.М. од Велес, по инцидент во здравствена установа во градот. Како што информира МВР, тој во установата го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување и не постапувал по наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија на лице место. При преземените мерки било утврдено дека е под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,59 промили во крвта. Лицето ...
Во раните утрински часови во Скопје избувнал пожар кој зафатил два паркирани автомобили во подрачјето на општина Аеродром. Според информациите од МВР, на 06.06.2026 околу 02:53 часот било пријавено дека е опожарено патничко возило ауди со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.И. (56) од Скопје, кое претходно го управувал А.И. (28) од Скопје. Од пожарот било зафатено и друго патничко возило ауди, исто така со скопски регистарски ...
Триесет и деветгодишен маж од Битола се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од мопед на локален пат во село Обедник, општина Демир Хисар. Како што информира МВР, несреќата се случила вчера околу 18:20 часот, кога Б.Ј. (39) управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот. Повредите биле констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола. ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 21 возач за безобѕирно управување возило, од кои 13 возеле без возачка дозвола, седуммина под дејство на алкохол и еден со забрана за управување возило, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од вкупно 13 кои возеле без возачка дозвола петмина се во Скопје, двајца во тетовско и по еден во Македонска Каменица, Куманово, ...
Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти денес беше отворено во Институтот за јавно здравје во Скопје, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за здравство, Азир Алиу и директорката на Институтот, Марија Андоновска. Советувалиштето од понеделник ќе биде во функција, а услугата ќе биде достапна и преку системот „Мој Термин“. „Од денес започнуваме со нов пристап кон менталното здравје на децата и ...
Во одделни полициски акции спроведени во текот на изминатото деноноќие, полицијата приведе седум лица во Скопје, Тетово и Битола, кај кои биле пронајдени наркотични средства. Во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода шест лица на возраст од 23 до 30 години, од Скопје, Велес и Куманово. При извршените прегледи кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста и прашкаста материја. Во ...