
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Советниците на ГРОМ ќе продолжат да ги поддржуваат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, секаде во Македонија. Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски му порача на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека советниците од неговата партија во сите општини ќе продолжат да ги поддржуваат и ќе гласаат за ветените проекти и програми на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, кои упорно ја ...
Јас потврдив дека сум човек кој што работи согласно со закони и пракса која овозможува намалување на трошоци и зголемување на буџетските приходи. Во однос на планот за фискална консолидација, многу организации го читаат на различен начин. Не станува збор за кратење на платите на работниците, туку е план кој содржи низа на мерки во насока на консолидација на трошоците и подобрување на квалитетот на услугите. Планот е документ кој содржи мерки и ...
Директен конфликт меѓу силите на НАТО и руската армија е многу опасен чекор, бидејќи ќе доведе до глобална катастрофа и се надевам дека ќе биде паметно да не се преземе такво нешто, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин. Путин, на прес-конференција во Астана, каде што учествуваше на Самитот за соработка и градење доверба во Азија, на состанокот на лидерите на ЗНД и на самитот „Русија-Централна Азија“, рече дека не гледа потреба да се ...
Најголем непријател на Република Македонија е корупцијата и криминалот. Тоа се силите: криминално-политичката мафија која повеќе од 30 години функционира успешно, без да биде загрозена од државни институции. Главен и суштински непријател е криминализацијата и високата корупција. Без искоренување, државата не може да оди напред, вели лидерот и пратеник на Демократски сојуз, Павле Трајанов. Според него, криминалот и корупцијата „ни ја јадат“ ...
Денес, 14 октомври 2022, пратеникот и лидер на Левица – проф. д-р Димитар Апасиев, до Агенцијата за заштита на лични податоци, поднесе Барање за утврдување повреда на правото на заштита на лични податоци. Пријавеното службено лице се терети дека, на ден 12 октомври 2022, преку неговиот Кабинет, до група новинари и медиумски редакции испратил принт-скрин од потпишано Известување по претходно поднесената граѓанска иницијатива на државно ниво за ...
Соединетите Американски Држави можат да воведат санкции за поединци, компании и земји кои ѝ обезбедуваат муниција на Русија или ја поддржуваат руската воена индустрија, соопшти денеска американското министерство за финансии. Заменик-министерот Воли Адејемо, за време на состанокот со официјални претставници од 32 земји, посветен на санкциите против Русија, рече дека министерството ќе издаде инструкција со која јасно ќе стави до знаење дека ...
Почитувани пријатели и сите останати, Сакам на почетокот да изразам жалење за тоа што во текот на вчерашниот ден и начинот на кој се одвиваше комуникацијата во јавност. Секогаш и во секоја прилика во мојата долгогодишна кариера сум била, се уште сум и ќе останам транспарентна за новинарите. Во текот на вчерашниот ден после 24 часовно дежурство, после предавање на студенти и одржани вежби, добив барање од новинарот Фуркан Салиу да разговара на ...
Ова откритие на суперорганизмот „негативец“ е навистина револуционерно и неочекувано. Никој не би го предвидел ова, вели микробиологот Knut Drescher од Универзитетот во Basel во Швајцарија. Бактериите и габите можат да ги здружат силите за да предизвикаат големи оштетувања на забите, случајно откриле научниците. Имено, при испитувањето на микробите кои предизвикуваат агресивно расипување на забите кај малите деца, Zhi Ren, стоматолошки ...
Границата на Сончевиот систем не е статична и е подложна на значителни промени, откри тим американски научници. Научниците открија дека меурот од вселената што го опкружува Сончевиот систем може да биде збрчкан барем понекогаш. Откритието е направено со помош на вселенското летало на NASA што орбитира околу Земјата, кое детектира бранови во поместувачкиот регион на вселената што означува една од границите помеѓу просторот во Сончевиот систем и ...
Допрва ќе дознаеме какви ќе бидат вистинските последици од истекувањето на метан од уништените гасоводи Северен тек 1 и 2, но сателитските снимки покажуваат дека тоа е најголемото истекување на метан од една точка а забележано досега. Кон крајот на септември забележано е истекување на гас метан на руските гасоводи Северен тек 1 и 2, во реонот на гасоводите лоцирани веднаш до Данска и Шведска. Светски функционери посочуваат дека се работи за ...
Едно ново американско истражување откри детали за настанот што го предизвикал изумирањето на диносаурусите и го создал најразорното цунами во историјата на Земјата. Астероидот кој ја удрил Земјата пред 66 милиони години и ги убил диносаурусите предизвикал и огромно цунами со бранови високи до 4,5 километри во Мексиканскиот залив. Една нова научна студија исто така открива дека водите на тоа цунами обиколиле половина од светот. Американските ...
И да има поскапување на струјата по Нова Година, тоа ќе биде минимално. Значително се намалени трошоците за производство на електрична енергија и со помош од државата се намалува продажната цена, уверуваат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Државава очекува помош за покривање на енергетските потреби од Европската унија. Во меѓувреме, во услови на забрзаниот раст на инфлацијата, Централната банка повторно ја зголеми основната каматна ...
Синоќа Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) усвои резолуција со која се осудува нелегалната анексија на украинските региони од страна на Русија, при што 143 земји гласаа за усвојување на резолуцијата, меѓу кои и С. Македонија. Гласањето на Генералното собрание од 193 члена се одржа откако светската организација свика итна седница во понеделникот на која се расправаше за „незаконските“ референдуми за руската анексија на деловите од ...
Враќањето на иницијативата на Левица за референдум за францускиот предлог е само купување на време според претседателот на Левица, Димитар Апасиев. Сепак, рече дека тие ќе ја направат корекцијата во дадениот рок и повторно ќе ја поднесат. „Значи, ова не е ист случај како со претходната иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ. Ако правилно го читаме, иницијативата е вратена на корекција, односно спикерот Џафери спротивно, во негов стил силеџиски, како уставен ...
И на овогодишниот извештај на Европската комисија нотирани се забечешки за неспроведување на изборните реформи. Во извештајот се нагласува неспроведувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, кои главно се засноваат на потребата од креирање на целосно нов изборен законик. Поранешниот член на Државната изборна комисија (ДИК), Енвер Салихи вели дека најчесто измените на изборната регулатива произлегува од препораките од изборните органи, од овластените ...
Влезот на Украина во НАТО може да доведе до Трета светска војна и самата алијанса е свесна за тоа, изјави заменик-секретарот на Советот за безбедност на Русија, Александар Венедиктов, во интервју за ТАСС. Според него, барањето на Украина за брзо членство во НАТО е „повеќе пропаганден потег“. „Киев е свесен дека таквиот чекор би значел загарантирана ескалација до Трета светска војна. Очигледно, тие сметаат дека ќе направат информативна врева и ...
Украинската државна телевизија извести дека денеска во раните утрински часови се слушнале експлозии во украинските градови Николаив и Запорожје, додека во главниот град Киев се слушале сирени за воздушен напад. Експлозии се случија во Запорожје, потврди шефот на градската администрација Александар Старух, пренесува ТАСС. Во регионите на Киев, Суми, Черкаси, Кировохрад, Николаев, Дњепропетровск, Харков и Полтава, како и во делот на регионот ...
Американскиот милијардер Eлон Маск денеска ја демантираше изјавата на основачот на Eurasia Group, Иjан Бремер дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за условите за завршување на војната во Украина. Во објава на социјалната мрежа Твитер, Маск напиша дека со Путин разговарал само еднаш, пред околу 18 месеци. Во објавата минатата недела, Маск ја повика Украина да остане неутрална и формално да ѝ го отстапи Крим на Русија и предложи ...
Леталото ДАРТ, кое американската вселенска агенција (НАСА) намерно го урна во астероид минатиот месец, успеа да го исфрли астероидот од својата природна орбита, објави денеска шефот на агенцијата, поранешниот американски астронаут Бил Нелсон. Наодите од телескопските набљудувања презентирани на прес-конференцијата, организирана од НАСА, покажаа дека мисијата на судирот на леталото со астероидот на 26 септември ја постигнала својата примарна цел ...
ВО ГЕРМАНИЈА има се помасовни протести против германската влада, чија политика кон Русија се смета за главен виновник за растот на инфлацијата и поскапувањето на енергенсите, а илјадници луѓе, главно на истокот на земјата, излегоа вечерта за нови протести. Во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, околу 7.000 демонстранти излегоа на улиците, носејќи транспаренти со барања за прекин на испораката на оружје за Украина и укинување на ...
Дали сте слушнале за терминот сексуална кулминација? Иако звучи како да зборуваме за оргазам, овој термин може да се однесува и на периодот од животот кога покажуваме најголем интерес за секс, кога ни е најпријатен и кога најмногу размислуваме за него. Иако е логично да заклучиме дека својот сексуален врв го доживуваме во младите денови, истражувањата покажаа дека тоа е далеку од вистината. Во книгите на познатиот истражувач Алфред Кинси, можеме ...
Синото светло во LED осветлувањето кое се повеќе се користи во нашите домови може да ја оштети мрежницата на окото и исто така да го наруши нашиот биолошки и ритам на спиење, предупредуваат научниците. Во еден од претходните извештаи, Француската здравствена агенција (ANSES) цитираше докази кои ги потврдуваат „фототоксичните ефекти“ на краткотрајното изложување на сина светлина со висок интензитет, како и зголемениот ризик од макуларна ...
Кинески научници клонирале арктички волк за прв пат во светот, изјави Ми Џидонг, извршен директор на услугата за клонирање миленичиња SinoGene. „Првиот клониран арктички волк во светот е роден пред сто дена. Организиравме прес-конференција за да ве информираме за овој важен потфат и чекор напред во областа на заштитата и одгледувањето на загрозени диви животински видови“, рече Ми. Патем, во 2016 година, компанијата SinoGene го клонираше првиот ...
Супи од кесички – така е, имаат безброј предности, лесни се за подготовка, многу вкусни, доволно солени, но дали некогаш сте се запрашале од што се прави прашокот во кесичката за супа и колку всушност ваквите супи се здрави за нашиот организам? Совршениот, препознатлив вкус на супата од кесичка во повеќето случаи доаѓа од вештачки засилувачи на вкус, адитиви со ознака E620-E635, кои се додаваат со цел да се зголемат аромите присутни во ...
Многу украински бегалци ја напуштаат Бугарија поради зголемената неизвесност околу нивното сместување. Тоа го утврди Високиот комесаријат за бегалци на ОН, јави БНР. Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, во Бугарија влегле повеќе од 700 илјади луѓе, но во моментов останале нешто повеќе од 50 илјади од кои 80 отсто од нив се жени и деца. Повеќе од 100 илјади луѓе од нив ја напуштиле Бугарија во периодот од 5 септември до 5 ...
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за зајакнување на безбедноста на мостот што го поврзува полуостровот Крим со Русија, откако дел од мостот се урна поради експлозија во саботата. Оштетувањето на мостот ја нарушува важната рута за снабдување за војната на Кремљ во јужна Украина и претставува удар врз симболот на руската моќ во регионот. Никој не ја презеде одговорноста за експлозијата во која загинаа три лица. Одлуката на Путин ...
Според прелиминарните податоци, три лица загинале како последица на експлозиите на мостот на Крим, соопшти Истражниот комитет на Руската Федерација, пренесува „Известија“. Според извештаите, загинале патниците во автомобилот кој во моментот на експлозијата бил покрај камионот, а од водата биле извлечени телата на маж и жена. Во моментов се утврдува нивниот идентитет. Исто така, од досегашната истрага е утврдено дека сопственикот на камионот е ...
Во ова страшно време сигурно не е време за шега, но Веањанците тешко го издржуваат карантинот, па си го исполнуваат времето на различни начини. Исклучително интересен и вирулентно смешен текст, всушност, писмо од еден млад Врањанац до неговите баба и дедо, кои живеат на горниот кат, беше објавен во групата „Vranjske rabote svake subote“ на Фејсбук. Писмото, со исклучителна урнебесна содржина, го пренесуваме во целост. Уживајте! ВРАЊАНЦИ У ...
Едно 11 годишно момче си ја облекло топлата зимска облека па му рекло на татка си: „Тато, јас сум спремен“! Татко му, кој бил проповедник во локалната црква го прашал: “Подготвен за што?” “Тато, време е да излеземе и да ги дистрибуираме нашите брошурки”. „Сине, надвор е многу ладно и врнежливо“. Детето изгледало изненадено од одговорот на татка си па му рекло: „Но, тато, луѓето треба да знаат за Бог дури и во дождливи денови“. „Сине, јас не одам ...
Некогаш одамна, постоело огромно јаболково дрво. Едно малечко дете сакало секојдневно да си игра околу него. Се качувало до врвот на неговите гранки, јадело јаболка и седело под неговата сенка. Детето го сакало дрвото, а и дрвото сакало да си игра со него. Времето поминувало, а детето пораснало. Повеќе не играло околу него, а еден ден кога го посетило веќе пораснатото момче, дрвото било тажно. „Дојди и играј си со мене“, рекло дрвото, на што ...