
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Фестивалот на светлината – SKOPJE LIGHT FESTIVAL e културно-општествен настан на кој уметниците преку најразлични светлосни инсталации и видеопроекции поставени на различни локации низ централното подрачје на градот од 2 до 3 септември со своите светлосни перформанси им се промовираат на посетителите. Темата на овогодинешниот SKOPJE LIGHT FESTIVAL е токму рефлексијата која нѐ поттикнува да ја истражиме светлината, да ја почувствуваме и да ...
Кијану Ривс е ѕвезда која живее обичен живот меѓу обичните луѓе. Важи за еден од најскромните актери во Холивуд, а тоа кај публиката му носи уште попозитивна репутација од онаа што веќе ја ужива. И тоа го покажа со уште еден пример викендов. Имено, како пренесува Newsweek, Кијану им ја направил совршена венчавката на пар кој ја организирал свеченоста во хотел во Нортхемптоншир каде што престојувал и самиот. Младоженците Џејмс и Ники Роднајт, ...
Дали сте знаеле дека кошулата и маичката на пруги прв пат официјално биле воведени како дел од униформата на морнарите во француската морнарица во 1858 година? Овој интересен податок се однесува на конкретен, изворен дизајн со точно 21 пруга кои ги означувале победите на Наполеон Бонапарта, но имал и практична функција: благодарение на впечатливиот принт во пруги, полесно било да се забележат залутаните морнари во море. Дизајн на Коко Шанел Но, ...
Есента веќе ни е на прагот, а за многумина таа можеби дојде премногу бргу. Со високите температури кои сè уште „дивеат" на многу места низ светот, не е ниту чудно што со мислите сме сè уште некаде на плажа и се сончаме. Реалноста е дека веќе треба да започнеме со преуредување на нашиот гардеробер. Но, станува збор за преодна фаза, па доколку веднаш го извадите топлите џемпери и толи капути на виделина, најверојатно ќе ги заб оравите повторно ...
Најголемата бунтовничка меѓу највлијателните икони на стилот, Ајрис Апфел, вчера го славеше 101-от роденден. „Кој би помислил..." само кратко напиша под роденденската фотографија која ја објави на нејзиниот Инстаграм профил. И навистина, многу фантастични приказни кружат околу нејзиниот живот и нејзината личност и фактот што со 101 година таа е една од највлијателните и ангажирани фигури во модниот свет, ја сместуват меѓу легендите. View this ...
Поп-панк иконата, Аврил Лавињ ги здружи своите сили со британскиот алтернативен бренд за облека Killstar за дизајнирање на нова модна колекција. По објавувањето на нејзиниот седми студиски албум „Love Sux", Аврил учествуваше во дизајнирањето на оваа нова колекција на облека која вклучува голем број уникатни модни додатоци во розова боја. Фото: kerrang.com „Носам парчиња од Killstar веќе со години, така што оваа соработка беше сосем логична", ...
Поп-панк иконата, Аврил Лавињ ги здружи своите сили со британскиот алтернативен бренд за облека за дизајнирање на нова модна колекција. По објавувањето на нејзиниот седми студиски албум „Love Sux", Аврил учествуваше во дизајнирањето на оваа нова колекција на облека која вклучува голем број уникатни модни додатоци во розова боја. Фото: kerrang.com „Носам парчиња од Killstar веќе со години, така што оваа соработка беше сосем логична", вели Аврил. ...
Една од најголемите модни афторитети и најмоќните жени во модната сфера, Ана Винтур, покрај тоа што е извршен уредник на американскиот Vogue, таа е позната по тоа што со години ги поставува темелите за новите трендови. Не би било далеку од вистината доколку се каже дека нејзиниот збор е „закон и ред" во светот на модата го дава својот благослов на новите дизајнерски имиња и нејзиниот збор е закон и ред во светот на модата. Новите дизајнерски ...
По пауза од 5 години, пред скопската публика се враќа Пиволенд. Во програмата распределена во 5 дена, од 31. август до 4. септември, ќе настапат над 50 музички имиња од Македонија и Балканот, на две сцени лоцирани на плоштад „Македонија", а љубителите на пиво ќе може да бираат од понудата на над 100 видови на пиво. На овогодинешниот Пиволенд ќе бидат поставени две сцени, „Main stage" и „Craft stage". На „Main stage "ќе настапат познатите ...
Доколку планирате патување во следниов период, но имате желба да го избегнете класичниот летен пејсаж кој вклучува плажа и море, тогаш имаме одличен предлог со кој ќе се почувствувате како лик во бајка. Јеленов гребен, сместен во подножјето на прекрасната Олимска Гора, на само 4,5 километри од Терме Олимија, Словенија, е најдобро познат како дом на повеќе од 100 питоми елени и муфлони, кои неодамна станаа главна туристичка атракција за голем ...
Пред нас е септември. Месецот кога и календарски се збогуваме со летото и ја отвораме сезоната на есента. И тоа доволно кажува за сезонската трансформација која ни се случува во плакарот овој месец. Честопати збунувачки и на средина меѓу затворени чевли и отворени сандали, а од друга страна, совршен месец за слоевити експериментирања со секојдневниот стил. Пред нас се деновите кога има место и за летни и за потопли парчиња облека, кои со малку ...
На 31 август (среда), во МКЦ парк, со почеток во 18ч, ќе се одржи десеттото издание на „Прво па женско", чија зелена програма има за цел да постави и одговори важни прашања во однос на феминизмот и одржливата мода. „Во последно време сè повеќе јавно се проблематизира модната хиперпродукција, неетичките услови за работа на текстилните работници и загадувачкиот ефект по животната средина предизвикан од производството на текстил. Кој ја прави ...
Вчеравечер во Њу Џерси се собра кремот на музичката индустрија на традиционалното, 39-то по ред доделување на MTV Video music awards каде беа наградени најзаслужните во музичкиот свет за годинава. Триумфираше Тејлор Свифт, која освои три награди меѓу кои и најзначајната за Најдобро видео на годината („All too well"), а приликата ја искористи да го најави и нејзиниот нов албум „Midnights". Меѓу големите победници вечерта беше и Хари Стајлс кој ...
Жената, без разлика на својата возраст, се соочува со безброј пишани и непишани (неретко, комплетно непотребни и нелогични) правила за тоа што е прифатливо, а што не е прифатливо да облече, зависно од пригодата, возраста, тежината, па дури и формата на незиното тело. Жените во 40+ години од својот живот пак, чувствуваат уште поголем притисок да внимаваат на својот стилски избор, плашејќи се од критики и негативни коментари насочени кон начинот ...
Непрепознатлива и изненадувачки смела, супермоделот Џиџи Хадид (27) се појави со импресивен стајлинг и фризура која ѝ пркоси на гравитацијата на насловната страница на Vogue Italia за септември 2022 година. Идејата зад овој креативен и уникатен концепт е британската фризерка Јуџин Сулејман, која претходно соработувала со Лејди Гага, и која за овој стајлинг на Џиџи се одлучи за крената руса коса која наликува на пламен од свеќа. Фото: Vogue Кога ...
Откако веќе оствари соработка кон почетокот на оваа година, к-поп ѕвездата и член на сензацијата Blackpink, Џени, продолжува да соработува со брендот Келвин Клајн. На почетокот на оваа недела, брендот откри дека Џени ќе биде вклучена во нивната најнова реклама. „Вие побаравте. Ние испорачавме. Џени!", гласеше описот на официјалната објава на Келвин Клајн на Твитер. Фотографиите, дело на Аласдаир Меклелан, кои беа објавени на официјалните ...
Работа од дома стана се почеста опција, која дојде заедно со новото време, со предностите што ги овозможува новата технологија, со новите професии, но особено се популаризираше по пандемијата. Дури и кога не работите од дома со полно работно време, но сепак имате потреба понекогаш да завршите некоја работна обврска „на далечина", ја забележувате потребата од сопствено работно катче во домот. Во зависност од потребите, обемот и прородата на ...
Речиси и да не постои човек на планетата Земја кој не сака да патува. Вистинска реткост се оние кои никогаш не почувствувале желба да го сменат своето опкружување и да пропатуваат до некоја нова локација. За некои пак, желбата за патување и истражување на нови места е речиси „дел од нивната ДНК", таа е потреба која е невозможно да се игнорира. Но, можноста да се посетат далечни и егзотични дестинации несомнено претставува луксуз. За многумина ...
Сцени од култните „The Shining", „2001: A Space Odyssey", „ Eyes Wide Shut", на брилијантниот режисер Стенли Кјубрик, се дел од новата модна кампања на Гучи. Со овој концепт, Алесандро Микеле од челната позиција на брендот, прави трибјут на еден од најзначајните режисери на сите времиња, трансформирајќи познати филмски сцени во кои ги вметнува своите модели од колаборацијата меѓу Гучи и Адидас за сезоната есен-зима 2022. „Чудниот „брак“ помеѓу ...
Есенското обновување на гардероберот подразбира и внес на нови модни додатоци кои покрај тоа што ќе бидат одраз на есенското расположение, ќе го надополнат вашиот моден стил на начин кој ќе соодветствува со сезоната. Покрај практичната примена на чантата, овој моден додаток има моќ да го трансформира изгледот целосно, зависно од стилот на дизајнот. Земајќи го тоа предвид, јасно е зошто чантата се смета за еден од најзначајните модни додатоци. ...
Архитектите Френк Гери и Соу Фуџимото се двајца од 200-те дизајнери кои го редизајнираат куферот на Луј Витон во чест на 200-тиот роденден на основачот на модната куќа. Нивните дела се дел од патувачка изложба во Лос Анџелес наречена „200 Trunks 200 Visionaries", чија почетна точка беше во Асниер во семејната куќа на Витон пред да спродолжат во Сингапур. Изложбата, поставена во зграда на Норт Родео Драјв, во близина на главната продавница на ...
Архитектите Френк Гери и Соу Фуџимото се двајца од 200-те дизајнери кои го редизајнираат багажот на Луј Витон во чест на 200-тиот роденден на основачот на модната куќа. Нивните дела се дел од патувачка изложба во Лос Анџелес наречена „200 Trunks 200 Visionaries", чија почетна точка беше во Асниер во семејната куќа на Витон пред да спродолжат во Сингапур. Изложбата, поставена во зграда на Норт Родео Драјв, во близина на главната продавница на ...
Ако порано беше класично парче од машкиот гардеробер, а жените најчесто го стилизираа во деловни комбинации, во современата мода блејзерот има универзален карактер со свое место во речиси секое стилско издание. Подеднакво често ќе го сретнете и во уличната мода и во корпоративниот свет, а тоа се должи пред се на неговата флексибилност лесно да се трансформира и да се вклопи во сечија стилска замисла. Пред нас е сезоната кога потенцијалот на ...
Двадесетгодишната студентката по политички науки Мелиса Рауф од јужен Лоднон е првата финалистка во 94-годишната историја на Мис Англија која се натпреварува без шминка. Покрај тоа што го скрши стереотипот на натпреварот, Мелиса која се појави на полуфиналето во Лондон без никакви производи за убавина на себе, си обезбеди место во финалето на Мис Англија. Причината за тоа е, како што вели, надежта дека со овој потег ќе ги инспирира другите жени ...
Денеска во 81-та година од животот во легендите замина славната Невена Кочовска, музичката дива и вокалистката на легендарната група „Мањифико", своевремено една од најпопуларнте во поранешна Југославија. Во последните неколку години, мајката на познатите сестри Лидија и Тања Кочовски, боледуваше од Алцхајмерова болест. Во 2017 година, групата ја доби Златната бубамара за животно дело, а по тој повод семејството Кочовски имаше заеднички настап. ...
Една од нашите најголеми музички ѕвезди, Влатко Лозаноски - Лозано за неколку дена започнува со големата турнеја во Америка. „Оваа турнеја требаше да се реализира во 2020 година, но поради светската пандемија со коронавирусот, мораше да биде одложена“, велат од неговиот тим. Сега кога се создадени услови за настапување, Лозано конечно ќе отпатува во Соединетите Американски Држави и ќе пее пред нашинците. Првиот негов настап е на големата ...
Иако модата е вечно променлива жива материја, некои трендови се враќаат секоја сезона што преминуваат во класика. Па така, неизбежно е и есенската мода со себе да повлече неколку бесмртни парчиња облека без кои не можеме да ја змислиме нашата гардероба во текот на сезоната. Такво парче е и кожната јакна, која честопати е прв избор при комплетирањето на оние лежерни секојдневни аутфити во текот на есенските месеци пред комплетно да се свртиме кон ...
Денеска со традиционалното садење дрво во „Паркот на поезијата" неофицијално се означи почетокот на „Струшките вечери на поезијата". Во паркот дрва засадија јапонскиот композитор и пијанист Кенсаку Таникава, син на годинешниот лауреат на „Златниот венец", јапонскиот поет Шунтаро Таникава, како и специјалниот гостин, лауреатот на СВП во 2020 година, израелскиот поет Амир Ор. - На мојот татко многу му беше жал што не е присутен физички, но со ...
Со долгоочекуваното продолжение на блокбастерот од 80-те „Топ Ган: Маверик" што ја имаше својата премиера на Канскиот филмски фестивал, имаме совршено добро алиби во плакарот за оваа преодна сезона да направиме простор за „пилотските" комбинезони. Филскиот хит можеби го популаризираше, но во суштина ова модно парче благодарение на својата функционалност и универзална естетика, постојано е присутно во излозите и на модните писти. За прв пат во ...
На 31. август, кралицата на Јордан, Ранија ќе го прослави 52-от роденден. Како најава, традиционално кралицата направи три нови портрети кои само го потврдуваат нејзиниот статус на икона на стилот, која укажува како едноставноста и елеганцијата секогаш одат заедно. Сите комбинации што ги носи на портретните фотографии се стилизирани од Ердем. На првата фотографија кралицата покажува женственост и софистицираност, во дводелен свилен сет со ...