Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Пејачот Сашо Нојкиќ, попознат како Цаки „Кисми“, има голема причина за славење. Неговиот син Дарио ја запроси својата долгогодишна партнерка Ангела за време на романтичното патување во Сицилија. Запросувањето се случило во Палермо, на плоштадот „Пјаца дел Парламенто“, каде Дарио клекнал на едно колено и го поставил најважното прашање. Романтичната атмосфера пред катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ го направила моментот уште ...
Миа Костова јавно проговори за содржините што денес стануваат вирални на социјалните мрежи и порача дека големиот број прегледи и следачи не секогаш значи вистинско влијание, професионализам или успешна соработка со брендовите. Костова објасни дека во изминатите денови била помалку активна на Инстаграм, поради што повеќе време поминувала како набљудувач на содржините што се објавуваат и споделуваат. „Да бидам најискрена, што сè е денес ...
Момчето на познатата пејачка Тања Савиќ, Мухамед Муки Бешиќ, кој по професија е пилот, сподели видео од спортски авион додека лети над Босна и ја пее познатата песна од Кеба. Муки е 11 години помлад од Тања, а нивната врска трае веќе четири и пол години. Тој одлично ги прифати нејзините синови како да се негови. Летање со песна над Босна Мухамед Муки Бешиќ на својот Инстаграм профил покажа како минува еден од неговите летови во родниот крај. ...
Српската актерка Анѓелка Прпиќ јавно му го честиташе роденденот на својот сопруг Марко Жугиќ, па објави низа емотивни заеднички фотографии. Анѓелка сподели неколку фотографии со својот сопруг Марко Жугиќ, со кого ја има ќерката, Чарна. Актерката сподели серија заеднички фотографии од патувањето на разменуваат нежности, а многумина коментираат дека изгледаат како заљубени тинејџери. „На моето момче му е роденден“, напиша Анѓелка. Инаку, ...
Македонската фолк-пејачка Андријана Ацевска (43) се пофали дека го направила следниот голем чекор во љубовта. Таа доби романтична понуда за брак за време на одморот во Флогита, а среќната вест ја сподели со своите следбеници на Инстаграм. Со емотивната порака: „Кажав да… во овој живот и секој нареден“, Андријана откри дека му рекла „да“ на својот сакан Дино, објавувајќи фотографија од вереничкиот прстен и нивниот романтичен момент покрај ...
Организацискиот одбор на манифестацијата „Какањски дани 2026“ објави дека, во договор со тимот на босанската пејачка Џејла Рамовиќ, е донесена одлука за одложување на вечерашниот концерт планиран во рамките на оваа традиционална културно-спортска манифестација. Како што е наведено во соопштението, на предлог на Џејла Рамовиќ и нејзиниот тим, кои покажале големо разбирање, емпатија и почит кон жртвите од трагичната несреќа на планината Елбрус ...
Северина на социјалните мрежи покажа како изгледа нејзината рутина по концертите, а нејзината објава ги насмеа и освои симпатии кај следбениците. Хрватската пејачка откри дека по напорните настапи најмногу ужива во едноставни моменти, а овојпат нејзиното „галење“ по концертот било обичен сендвич. View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina) На фотографиите Северина позира на маса облечена во бела наметка, со насмевка го ...
Српската пејачка Едита Арадиновиќ пред неколку дена стана мајка, а сега со својата новородена ќерка Зоија пристигна дома од породилиштето. Едита, која доби дете со поранешниот партнер Ненад Стевиќ, првпат се оствари во улогата на мајка, а радосната вест ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи. Според објавите, пејачката и бебето веќе се дома, каде што ги пречекало семејството. Нејзината сестра Инди, со голема радост, објави ...
На српскиот рапер Десингерица му се слошило по настапот што го имал во Будва, по што бил пренесен во итна медицинска помош. Контроверзниот музичар, чие вистинско име е Драгомир Деспиќ, во изминатиот период престојува на црногорското приморје поради серија закажани настапи. Ноќта по еден од настапите, неговата состојба се влошила, па медицинските лица морале да интервенираат. Тој бил однесен во итна помош, каде што персоналот веднаш реагирал ...
Пејачот и кантавтор Александар Тарабунов – Тара ја оживеа песната „Прва љубов“, која во 1973 година на Скопскиот фестивал ја испеа неговиот татко Ванчо Тарабунов. Песната е објавена вчера (26 јули) на одбележување на годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година. „Оваа песна е поклон за мојот град Скопје, за градот што нè научи дека и по најголемите урнатини може повторно да се роди живот, надеж и љубов.“ – напиша ...
Емина Јаховиќ повторно успеа да крене голема прашина на социјалните мрежи и да ја изненади јавноста со најновите објави. Пејачката на својот профил на Инстаграм сподели серија фотографии на кои ужива во друштво на најблиските членови на семејството, меѓу кои била и нејзината сестра Сабина. Сепак, еден детаљ од фотографиите веднаш го вжешти интернетот и стана главна тема на разговор. Емина блескаше во тесен, припиен фустан кој ја истакнуваше ...
На 75-годишна возраст, по долга борба со здравствените проблеми, почина Гоце Тодоровски, актерот кој со децении беше вистински симбол на македонскиот хумор, театар и телевизија. Неговото име засекогаш ќе остане синоним за култните „Македонски народни приказни“, каде преку автентичните ликови, со топлина и харизма, помогна народното творештво, традицијата и македонскиот збор да допрат до секој дом. Веста за неговата смрт ја потврди неговото ...
Пејачката Рада Манојловиќ постави нов рекорд по посетеност на манифестацијата „Културно лето“ во Свилајнац, соборувајќи го рекордот што остана ненадминат цели десет години. На нејзиниот концерт, одржан во петокот вечерта на централниот плоштад „Стеван Синѓелиќ“, присуствувале повеќе од 6.000 посетители, што претставува најголема посетеност во историјата на оваа традиционална манифестација, на која низ годините настапувале бројни познати ...
Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ се познати љубители на луксузни пловила, а летните месеци редовно ги поминуваат крстарејќи по Јадранот. По одморот во Црна Гора, деновиве допловија и до хрватскиот брег, поточно до Опатија. Брена и Боба својата претходна јахта ја заменија со поголемо и пораскошно пловило долго 26 метри. Јахтата „Лејди Би“ („Lady B“), која се простира на две палуби, е опремена како најлуксузен апартман на ...
На 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес, Драган Мијалковски сподели емотивна посвета за Скопј, градот кој останал негова вечна инспирација. Пејач со стихови му се обрати на Скопје, градот во кој е роден и со кој го поврзуваат бројни спомени. Во песната Мијалковски ја опишува длабоката поврзаност со родниот град, потсетувајќи дека Скопје секогаш останува дел од него, без оглед на времето и местото каде што се наоѓа. „Во тебе сум роден, ...
Хрватската пејачка Дорис Драговиќ ги изненади своите следбеници со ретка фотографија од осумдесеттите години, на која позира прегрната со својата долгогодишна пријателка и колешка Весна Змијанац. Двете пејачки се познаваат уште од почетоците на своите музички кариери и често настапувале и се дружеле за време на турнеите низ поранешна Југославија. Дорис фотографијата ја сподели на социјалните мрежи, означувајќи ја Весна Змијанац и додавајќи ...
Пејачката Милица Тодоровиќ ретко споделува детали од својот приватен живот, но овојпат направи исклучок поради посебен семеен повод. Имено, нејзината помлада сестра го прославува роденденот, а Милица по тој повод јавно ѝ упати емотивна честитка на социјалните мрежи. „Ова е твојот посебен ден. Среќен роденден на моето помало палавче и мојата убавица! Те сака сестра ти најмногу“, напиша пејачката покрај заедничка фотографија. Објавата брзо ...
Пејачката Драгана Мирковиќ моментално престојува на одмор во Шпанија, каде што ужива во убавините на оваа медитеранска земја. Друштво ѝ прави нејзината ќерка Мануела, која, како што откри самата пејачка, ја изненадила со ова патување. Драгана на социјалните мрежи не ја криеше среќата и откри дека токму нејзината ќерка ја одвела на заслужен одмор. View this post on Instagram A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic) „Какво ...
Пејачот Радиша Трајковиќ Ѓани бил принуден да го откаже вечерашниот настап во Битола, откако ненадејно му се слошило додека патувал кон Македонија. Како што самиот откри, неговата здравствена состојба се влошила на пат, поради што морал да се врати дома за да ја прими потребната терапија. View this post on Instagram A post shared by Next Level Event (@nexttlevel_event) Ѓани им се обрати на своите обожаватели преку видео-порака и им се извини ...
Групата „Бајага и инструктори“ ја основал Момчило Бајагиќ – Бајага во осумдесеттите години, а во повеќе од четири децении постоење бендот остави неизбришлива трага на регионалната музичка сцена. Неуморниот Бајага се подготвува за турнеја на јадранското приморје, а сега ја откри причината поради која сè уште настапува. ова лето ќе одржи три големи концерти на хрватското крајбрежје. „Се радувам на средбата со публиката на Јадранот, како и ...
Групата „Плави оркестар“ беше една од најпопуларните на просторот на поранешна Југославија, а еден од најголемите хитови што ги објавија е песната „Боље бити пијан него стар“. Фронтменот Саша Лошиќ Лоша откри интересна анегдота поврзана со оваа песна. Пејачот изјави дека пензионерите барале забрана на песната. – Никогаш не се лутев кога некој ќе напишеше лоша критика за нас. Напротив, Сојузот на пензионери на поранешна Југославија од Нови Сад ...
Познатата српска глумица Анѓелка Прпиќ моментално се релаксира на заслужен одмор во Црна Гора, каде што ужива во летните денови во друштво на својот сопруг, ќерката Чарна и синот Јакша. Папарацо-екипите ја уловија глумицата во сосема опуштено издание додека со семејството се одмораше на плажа. View this post on Instagram A post shared by Anđelka Stević Žugić (@andjelkap) Инаку, соседите од нејзиниот крај имаат исклучително позитивно мислење ...
Еден од најпопуларните српски актери од помладата генерација, Славен Дошло, често привлекува внимание со својот атрактивен изглед. Познато е дека меѓу неговите обожаватели има претежно дами, кои внимателно ја следат секоја негова објава на Инстаграм. Славен ужива во патувањaтa и престојот на егзотични дестинации, а сега сподели прекрасните фотографии што ги направил при посетата на Бали. Актерот се препуштил на шармот на индискиот остров, а ...
Популарната српска пејачка Јелена Карлеуша отворено проговори за приватниот живот, бизнисот и семејството, откривајќи дека нејзините ќерки Атина и Ника ѝ се најголема поддршка, но и дека моментно е во финансиски долгови поради реализацијата на нови музички проекти. Ќерките се главен маркетинг тим Карлеуша истакна дека нејзините тинејџерки се активно вклучени во промоцијата на нејзините нови песни преку социјалните мрежи, користејќи ги своите ...
Српскиот фолк-пејач Аца Лукас е познат по својот бурен живот, но деталите што ги откри во својата автобиографска книга „Ова сум јас“ ја шокираа јавноста. Пејачот призна дека ја изневерил својата прва сопруга, Светлана Цеца Вуксановиќ, токму на денот на нивната свадба. Свадбата се одржала летото 1991 година на сплавот „Лукас“, во присуство на околу двесте гости. Додека Цеца, која тогаш била бремена, блескала од среќа, Лукас призна дека го ...
Фолк-пејачот Слободан Слоба Васиќ се најде во центарот на нов скандал откако во јавноста протекоа пораки кои наводно ги разменувал со непозната девојка, и тоа во период кога секојдневно се шпекулира за неговиот развод од сопругата Јелена. Според пишувањата на српските медиуми, преписката настанала на крајот на јуни и почетокот на јули, а она што ја шокираше јавноста е фактот што пејачот ја поканил девојката во својот стан само пет дена по ...
Популарниот пејач Слоба Васиќ неодамна го прослави 35. роденден, но големо внимание привлече фактот што неговата сопруга Јелена Лела Васиќ не беше покрај него. Додека тој го славеше роденденот, таа заедно со нивната ќерка Марија престојувала во родното место во Босна, а ситуацијата дополнително ја подгреа нејзината Инстаграм објава со моќна порака: „на Моето дете утре ќе може да му кажат: ‘Мајка ти не ја сакаа сите, но никогаш не се плашеше ...
На денешен ден, 25 јули, е родена една од најпознатите и најсакани музички ѕвезди од овие простори, харизматичната македонска пејачка Љупка Димитровска. Со својот препознатлив младешки изглед, карактеристичните густи шишки и позитивната енергија, таа со право го носеше епитетот „вечно девојче“ на југословенската забавна музика. Иако долго време живееше во Загреб Од скопските улици до загрепските музички студија Родена во Скопје во 1946 ...
Ќерката на српската пејачка Гоца Тржан годинава матурираше и веќе ужива во најдолгото лето досега, пред почетокот на студиите. Лена Маринковиќ ги спакувала куферите, ја напуштила Србија, а сега се огласила од луксузна дестинација. Лена сподели фотографии од луксузното летување на својот профил на Инстаграм. Освен во песочната плажа и морето, Лена ужива во чист луксуз. Ќерката на Гота Тржан е сместена во луксузна вила со базен и прекрасен ...
Водителката Душица Јаковљевиќ, ги сумираше впечатоците по завршувањето на деветтата сезона на шоуто „Елита“. Таа неодамна купи нов стан, но за медиумите отворено говореше и за операцијата што ѝ претстои. Јаковљевиќ, која моментално е во процес на опремување на новиот дом, неодамна се најде на мета на критики поради изгледот на нејзиниот нос. Водителката никогаш не ги криеше естетските корекции што ги има направено на лицето и телото, а сега ...