
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



THE RECORDING ACADEMY, организацијата која стои зад наградите Греми, претстави нови правила пред натпреварот следната година, од кои едното вели дека само „човечките творци“ се подобни да го освојат највисокото признание во музичката индустрија. Песните што вклучуваат елементи генерирани од вештачка интелигенција сè уште можат да бидат номинирани, но мора да има доказ дека и вистинска личност значајно придонела за песната. Со тоа, само луѓето – ...
Многу врвни бизнис лидери се сериозно загрижени дека вештачката интелигенција може да претставува егзистенцијална закана за човештвото во не толку далечна иднина. Четириесет и два отсто од извршните директори анкетирани на Самитот на извршните директори на Јеил оваа недела велат дека вештачката интелигенција има потенцијал да го уништи човештвото за пет до десет години од сега, според резултатите од истражувањето споделени исклучиво со CNN. ...
За услугите од мобилното и електронско банкарство на Стопанска банка а.д Битола граѓаните ќе плаќаат нови тарифи, кои ќе почнат да се применуваат од 16 август. Во делот на мобилното банкарство – Bank2go, корисниците на пакетот Basic за услугата ќе плаќаат 20 денари месечно. Месечно за пакетот Silver ќе треба да се одвојат 60 денари, а за пакетот Gold 100 денари. Исто така, промени на провизиите ќе има и за користењето на електронско банкарство ...
Членот на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) Јанис Стурнарас изјави дека зголемувањето на каматните стапки може да заврши оваа година, но предупреди и дека тоа не смее да предизвика економски пад. „Важно е да бидеме претпазливи во нашите следни чекори, кои треба да бидат постепени и измерени“, рече Стурнарас на настанот „Економист“ во Атина, според транскриптот обезбеден од Банката на Грција, додавајќи дека инфлацијата треба да ...
Годишната конференција на Стопанската комора ги исфрли на виделина критичните точки на бизнисот за кои одамна нема решение. Клучниот проблем во бизнисот се платите, но и работната сила. За да ги задржат работниците и да можат да даваат повисоки плати, работодавците бараат намалување и либерализацијата на меѓународниот пазар на труд. – Бараме од Владата да ги намали придонесите за минимална плата кои се високи и изнесуваат 47,5 отсто. Бараме ...
Просечната нето плата во април изнесува 36. 134 денари и е зголемена за 14,6 проценти во однос на истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (28,1 проценти), Административни и помошни услужни дејности (21,7 проценти) и Објекти за сместување и сервисни ...
Надзорниот одбор на Макпетрол АД – Скопје, на седницата одржана на 19.6.2023 година, донесе Одлука за престанување на мандатот на членовите на Управниот одбор на Друштвото, бр. 0203-29/2 од 19.6.2023 година, поради истек на времето за кое се избрани, пo што, за членови на Управниот одбор, со мандат од шест години, со Одлука бр. 0203-29/3 од 19.6.2023 година се именувани: Андреја Јосифовски, Марија Јосифовска Спасовска, Сашко Павловски, Михајло ...
Од Жито полог АД Тетово преку Македонската берза информираат дека акционерот – друштвото за трговија, производство и услуги АС Сењак увоз-извоз Селаудин Арифи ДООЕЛ продаде 4.567 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог и сега поседува вкупно 3.112 обични акции со право на глас, што претставува 5,56% од вкупниот број на издадени акции на Друштвото. Од Друштвото информираат и дека Жито Полог изврши откуп на сопствени акции на ден ...
Историскиот реизбор на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги зголеми надежите за стабилизација на турската лира во однос на американскиот долар. Сепак, по гласањето на 28 мај, вредноста на лирата продолжи бавно да опаѓа, достигнувајќи вредност од 23,3 за долар на 7 јуни. Како лирата стигна до оваа точка? Почнувајќи од 2013 година, курсот на лирата во однос на доларот започна бавно опаѓање, што економистот Емре Алкин вели дека е почетна ...
Холандската компанија „Балкан Алајанс Хелткер Б.В.“ стекнува директна контрола врз приватната здравствена установа – клиничка болница „Жан Митрев“ преку купопродажба на удели, дознава „Блумберг Адрија“. Балкан Алајанс Хелткер Б.В.“ е друштво основано согласно регулативата на Холандија, со седиште во Амстердам и во рамките на својата инвестициона политика има намера да стапи во стратешко партнерство со клиничката болница „Жан Митрев“ преку ...
Народната банка спроведе засилени активности во доменот на финансиската едукација преку изведување обуки за учениците, спроведување едукативни презентации, едукативни материјали, натпревари, квизови и објави на едукативни содржини и во учебната 2022/2023 година. Народната банка ја заокружи годината со изведени над 150 едукативни предавања за јакнење на финансиската писменост и инклузија, со голем број учесници, меѓу кои ученици, студенти, ...
Едни од најголемите светски компании, како „Амазон“, „Адидас“ и „Старбакс“ – се обврзаа да ангажираат и обучат над 250.000 бегалци во своите простории во следните три години, јави „Еуроњуз“. Мултинационалните компании ветија дека ќе обезбедат работа и обука за илјадници бегалци во следните три години. Амбициозната заложба, објавена во пресрет на Светскиот ден на бегалците на Европскиот бизнис самит за шатори, го означува „најзначајниот збир на ...
Од денес се обновува сезонската авиолинија Белград-Охрид со Ер Србија. Како што информираат од ТАВ Македонија првиот авион се очекува да слета околу 14:35 часот, по што ќе се одржи церемонија за добредојде со воден мост, пречек на патниците и сечење лента. Најавено е присуството на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и директорот за комерцијални работи и стратегии на Ер Србија, ...
Освен што го спречува ширењето на карциномот, оваа комбинација ги ублажува и болките, а ги намалува и симптомите на депресија. Куркумата е зачин кој има многу благотворен ефект врз организмот. Меѓутоа, телото не може во целост да ги апсорбира сите хранливи материи бидејќи многу брзо се разградува во цревата и црниот дроб. Поради тоа, куркумата би требало да се конзумира во комбинација со бибер. Имено, црниот бибер значително ја зголемува ...
Се повеќе вработени во јавни институции решаваат да го кренат гласот, да протестираат и штарајкуваат за подбри работнички права. Во последниве две недели серија на протести се случија во државни институции бидејќи вработените бараат повисоки плати. До сега никогаш вработени во УЈП и Царинската управа не биле во ваква ситуација. Нивните предупредувања се загрижувачки, доколку даночниците решат да стапат во генерален штрајк, тоа ќе значи колапс на ...
Македонија се наоѓа на врвот од земјите во регионот според стапката на инфлација, а меѓу последните според проекциите за економски раст, покажува најновиот извештај на Светска банка. Но, ваквото позиционирање очигледно не ги загрижува властите во земјава кои и понатаму тврдат дека инфлацијата се намалува. Ништо подобри не се ниту податоците во „Инфлациски монитор“ за јуни 2023 година, кои покажуваат дека инфлацијата во Македонија е значително ...
За помалку од две недели ќе дојде датумот кога сите во Србија кои имаат станбен кредит ќе добијат несакано писмо од банката. Сопствениците на вкупно околу 150.000 станбени кредити во Србија на 30 јуни ќе добијат практично известување за зголемувањето на месечната рата. Сите тие ќе бидат на иста листа, што ретко се случува, имајќи предвид дека ова е датумот кога се усогласуваат и тримесечниот и шестмесечниот еурибор, а датумот е двапати годишно – ...
Владата им нудела спогодбено 4 милиони евра на фирми за да не биде тужена пред Европскиот суд за човекови права. Во заклучокот на владината седница на 10 мај пишува дека преку владин агент до Стразбур бил поднесен предлог за 16 случаи. Во оваа сума покрај материјалната, е наведена и нематеријална штета и трошоци. Од оваа сума , најголемо побарување има Каргомакс ДООЕЛ Миладиновци Илинден. Фирмата која увезува автобуси и камиони под брендот Iveco ...
На светските берзи минатата недела цените на акциите пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваат дека завршува циклусот на зголемување на каматните стапки, иако централните банки велат дека тие треба дополнително да се зголемат поради се уште високата инфлација. На Волстрит, Dow Jones минатата недела зајакна 1,2 отсто, на 34.299 поени, додека S&P 500 порасна за 2,6 отсто, на 4.409 поени, а индексот Nasdaq порасна за 3,25 отсто, на 13.689 ...
Опстојувањето на двоцифрената инфалција и натаму ги осиромашува граѓаните и ги обезвреднува нивните приходи и заштеди. СДС и ДУИ со лошата и неправедна економска политка го зголемуваат бројот на социјални случаи и на лица кои едвај преживуваат со мнимални плати и пензии. Мнозинството граѓани немаат доволно средства за егзистенција. Нивото на осиромашување на населението во држава со пазарен систем нема лимит. Затоа минималните плати вршат ...
Ако се прашувавте каде ли во последниве неколку години исчезнаа групите со туристи од Кина, кои со својата појава и љубопитство дополнително им даваа радост и тежина на туристичките знаменитости низ Македонија, одговорот нема баш да ви се допадне, оти причината е, ни помалку ни повеќе: административна. Имено, и покрај тоа што туристите од Кина најавија враќање на Балканот по пандемските години, сепак тие се принудени да ја заобиколуваат земјава, ...
Деловните банки во земјава повеќе нема да прифаќаат ефективни парични средства во норвешка круна (NOK) и шведскa крунa (SEK). – Причината за тоа се прекинатите врски за размена на ефективните парични средства во овие две валути од страна на деловните банки во Норвешка и Шведска поради зголемена претпазливост во врска со нивната регулатива за спречување перење пари, за што има официјални известувања од централните банки на овие две земји, ...
Централните банки на двете клучни монетарни територии – Соединетите Американски Држави и Европската Унија – ги одржаа своите редовни месечни состаноци во изминатите денови. Како што предвидуваа прогнозите на преовладувачките аналитичари, американската ФЕД конечно го паузираше зголемувањето на клучните каматни стапки по 15 месеци раст, додека Европската централна банка ја зголеми каматната стапка за уште 25 базични поени. Сепак, и ФЕД и ЕЦБ ...
Еве кој може да очекува голема среќа во јули и на што треба да обрнете внимание… Бик Бикот ќе биде најуспешен во љубовната сфера, дојде нивното време за среќа. Ова е момент во нивниот живот кога би требало да дејствуваат одлучно и храбро. Тоа се однесува на оние кои се во потрага по сродна душа. Сите оние што веќе ја пронашле саканата личност, треба што повеќе да ѝ се посветат. Не ги заборавајте мали знаци на внимание и поддржувајте ги со ...
Кога чуваме растенија во нашиот дом, тие не само што ни го разубавуваат просторот, туку и го прочистуваат воздухот и собираат негативна енергија. А за да бидат убави и здрави, потребно е редовно одржување. Покрај наводнување и отстранување на оштетените лисја, потребно е и редовно да се брише прашина. Пред да исчезне летната светлина, проверете дали листовите на затворените растенија не се покриени со прашина. Со чистењето им дозволувате да ...
На најголемата светска берза за криптовалути, Binance, Биткоинот денеска има вредност од 23.078,55 евра. Вредноста падна за околу 3,52 отсто во последните 24 часа. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 16,09 милијарди евра, пренесува Танјуг. Тој е значително опаднат во однос на вчерашниот ден. Падна и вредноста на криптовалутата итриум за околу 5,67 отсто, на 1.512,94 евра, како и на Binance Coin (BNB) – за околу ...
ОВЕН Имате правилен пристап и луѓето ги прифаќаат вашите идеи и лидерство. Доколку сте слободни, денот е поволен за да запознаете личност која ќе ве освои и шармира на прв поглед. Бидете зафатени, избегнувајте тешки приказни и теми и опуштете се со партнерот. БИК Чувствувате дека малку ви недостасува да склучите важен договор и ќе се фокусирате на имплементација. Неочекуван трошок ќе ви го расипе расположението за некое време. Средбата со ...
Согласно спроведениот инспекциски надзор за утврдување на здравствената состојба на лозовите насади, во сите вински региони во државава, ДИЗ не информираше дека кај повеќето има појава на болестите пламеница и пепелница. Во различни региони, присутноста на болести во лозовите насади е со различен интензитет. Станува збор за економски штетници кои се честа појава особено во услови на зголемена влага, а во мометов климатските услови се многу ...
И на пазарот за валути, вредноста на доларот во однос на кошницата валути нагло падна, спуштајќи се блиску до најниското ниво за еден месец. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 102,20 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,30 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 140,90 на 140,40 ...
Железничкиот транспорт е одлична можност и за Европа и за Кина да ја револуционизираат мобилноста. Сепак, зад кинеската стратегија стојат и политички калкулации, поради што државните компании напредуваат со развојот многу побрзо отколку во Европа. Во меѓувреме, кинеската технологија се бара дури и во Европа. И не само, како што често се претпоставува, во источниот крај на Европската унија (ЕУ). Во 2021-ва година, австриската „Westbahn“, приватен ...