Безмалку цела година помина откако помпезно се најави отварање на нова фабрика за батерии во Кичево,за која власта ветуваше 600 вработувања, а и после една година нема ништо од ветеното. Народот тука како да се навикна на лагите и на празните ветувања, но не заборава и не простува, – бидејќи нашите деца подобрата иднина ја бараат во странство поради ваквите поразителни политики, порачуваат од Левица. -Да потсетиме наводниот Договор за ...

Во одлична атмосфера вчера се одржа Втората годишна конференција на Црвена Младина во присуство на огромен број на млади симпатизери и членови на Црвена младина. – Ние младите, сме одлучни, победата наша црвена ќе биде, порачаа од подмладокот на Левица. Покрај лидерот на партијата Димитар Апасиев, како и останатиот дел од президиумот на Левица, на конференцијата присуствуваше и кандидатката за претседател на Македонија, Билјана Ванковска. ...

Вчера се одржа Втората годишна конференција на Црвена младина со присуство на претседателот на #Левица, проф д-р. Димитар Апасиев, претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, гости од младински организации од Србија и Хрватска, останати членови на президиумот на Левица и многу млади членови на Левица, каде што имаа можност да слушнат инспиративни пораки кои служат како постојан поттик во нашата борба но и плодни ...

Двете најголеми скопски општини, Гази Баба и Аеродром, и двете управувани од кадри на ДПМНЕ, Гази Баба од Бобан Стефковски, а Аеродром од Тимчо Муцунски , се поврзани со мост од ѓубре, вели Марија Ѓошевска советничка од #Левица во Советот на Општина Гази Баба. -Мостот што ги спојува овие две општини е претворен во дива депонија од која што се шири ужасна смрдеа, депонија која што е магнет за кучињата скитници кои исто така се слика за ...

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп на митинг во саботата изјави дека ќе има „крвопролевање“ за американската автомобилска индустрија, но и за земјата, доколку загуби на изборите во ноември. Изјавата дојде откако Трамп вети дека ќе воведе „100 отсто царини“ за автомобили произведени надвор од САД, тврдејќи дека домашното производство на автомобили ќе биде заштитено само ако тој биде избран, ...

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле соборени 35 украински беспилотни летала, вклучително и четири во регионот на Москва. Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин изјави дека петтиот дрон, во близина на аеродромот Домодедово, бил соборен во неделата наутро. Нема извештаи за жртви или материјална штета. Според информациите на Министерството за одбрана, уште два беспилотни летала биле соборени над регионот Калуга ...

Соопштението на движењето „Самоопределување“ на Албин Курти за погромот што го доживеаја Србите на 17 март 2004 година не е ништо друго освен повик за нов линч на Србите на Косово и Метохија, а меѓународната заедница не смее да продолжи молчи за овој вид закани и манипулации со фактите, истакнаа денеска од Канцеларијата за КиМ на Србија, пренесува „Политика“. „Подмолниот памфлет на „Самоопределување“, во кој погромот од март 2004 година е ...

Јас проштевам секојдневно. Најлесен начин ми е да заборавам на лошите нешта кои ми ги сториле особено блиски луѓе (а каменот од блиску доаѓа, нели?). Моите најблиски ме прекоруваат дека прелесно заборавам кој што ми сторил и дека немам „црн тефтер“. Ми велат и дека сум премногу им верувам на луѓето, од почеток, уште кога не ги ни познавам доволно. Но, мојата појдовна точка е оваа: како што во правото постои пресумпција на невиност (дури и за ...

Во јануари 2024 година, во споредба со декември 2023 година индустриско производство е намалено за 3,2 отсто во еврозоната и за 2,1 отсто во ЕУ, покажуваат првите проценки на Евростат, статистичкиот завод на Европската Унија. Во декември 2023 година, индустриското производство порасна за 1,6 отсто и во еврозоната и во ЕУ. Но, од друга страна, податоците на Евростат откриваат дека во јануари 2024 година, во споредба со јануари 2023 година, ...

Претпоставувам дека емаил пораката која ја добив од Здружението на приватни специјализанти (по медицина) била испратена до сите кандидати за претседателските избори. Во неа, тие ги изнесуваат проблемите со кои се соочуваат и бараат јавна поддршка и заложба за трајно решение за нивниот проблем. Тој „нивен“ проблем е всушност НАШ, заеднички проблем. Затоа и сакам на овој начин да им ја искажам мојата силна поддршка за една категорија образовани ...

Страшно ми е фасцинантен комплексот на нижа вредност кој очигледно го имаме како нација. Како некое дете, кое цел живот му викале дека не го бива, така и народов наш, тепан по глава, почнува да верува дека не е вреден, дека не создал ништо вредно, дека е неспособен, неук, прост… Па така, на индивидуално ниво, се повеќе бараме внимание, чуствителни сме на критика, несигурни сме во своите постапки и одлуки, бараме вина кај други (а сопствената ...

Прво те канат најљубезно, после ти се закануваат, реагира Билјана Ванковска, откако прво беше поканета да гостува на Канал 5, а потоа од истата телевизија беше обвинета дека ја манипулирала јавноста. Кандидатката зе претседател на Македонија од редовите на Левица, порача дека нема да се исплаши или да се изнервира. – Ако мисли Мирчевски дека ќе ме исплаши или изнервира, се лаже – ќе одам кај Гоце, за кого знам дека не е глуп, ама понекогаш ...

Капитализмот донесе вредности, коишто се претежно поврзани со профит, со тоа да си „ин“, да си успешен, да имаш пари. Додека социјализмот градеше сосема друг концепт на колективно добро, на јавен интерес, на солидарност наместо натпревар, на прогресивни идеји ако сакате, вели Димитар Апасиев. Лидерот на Левица се осврна на еден пример од минатото, со којшто се објаснува и денешната состојба во релацијата меѓу европските земји и претставниците ...

Авионот „Boeing 737-800“, кој пристигнал во јужен Орегон откако полетал од Сан Франциско, останал без дел од трупот, соопштила надлежната инспекција додавајќи дека никој од патниците не бил загрозен во овој инцидент. Летот на „United Airlines 433“ од Сан Франциско во 10:20 слетал на меѓународниот аеродром Рог Вели во Медфорд кратко пред пладне во петок. Директорката на аеродромот Амбер Џад рекла дека авионот слетал без проблеми и дека било ...

Денес на 16 март (сабота), на Градскиот плоштад, со почеток во 18 часот, започнува манифестацијата „Сусурига 2024“-возобновување на вековниот обичај на кривопаланчани. Манифестацијата е посветена на празникот Прочка, а целта е заживување на згаснатата традицијата за маскирање и ритуално палење оган, познато како сусурига, назив што се среќава единствено во Крива Паланка. На програмата е ревија на групни (маалски) маски на локалните групи, ...

На 16 март во 2014 година, граѓаните на Крим на референдум се изјаснија дека сакаат да станат составен дел од Руската Федерација. Поддршката на референдумот изнесуваше 96,77% при излезност од 83% од жителите на полуостровот. На референдумот му претходеа настаните на Мајдан во Киев, главниот град на Украина, кога по повеќедневните насилни протести, беше соборен од власт претседателот Виктор Јанукович. Речиси истовремено започна вооружениот ...

Не се согласувам со западнистичкиот концепт на гејмизација на учичиштето. Таму треба да се гради карактер, образ, воспитание и целокупната персона, вели Димитар Апасиев. – Како да ја наречам, американска некоја гејмизација на школото. Еј на децата да им забавно. Не, на децата треба да им биде трудно, тешко и макотрпно да завршат школо. Значи не треба ние да одиме со концептот на гејмизација, па му се свиѓало на малиот, па не му се свиѓало, ...

На вчерашната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, советничката група од Левица поднесе 9 Иницијативи, меѓу кои и Иницијатива со Предлог-одлука за Поништување на катаклизмичкиот ДУП СЗ 16. Левица им понуди шанса на советниците да ја отповикаат Одлуката за овој ДУП, истакнувајќи ги битните елементи и факти кои би придонеле до колапс на општина Ѓорче Петров и градот Скопје. Сепак, советниците од ДПМНЕ и коалицијата, ГРОМ и Демократски ...

Министерството за внатрешни работи, односно СВР Охрид, поднесе кривична пријава за Саше Најдески, ВД директор на Комуналец Охрид и близок соработник на Пецаков. Против него и уште други три лица е поднесена кривична за злоупотреба на службена положба и овластување, во врска со набавката на половен багер од фирмата на Нефи Усеини. Вчера СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата С.Н.(38), С.М( 56) И.О (51) и Т.Р (48) од Охрид поради ...

На вчерашната седница на Советот на Општина Охрид на дневен ред беа годишните извештаи и завршни сметки на образовните институции, јавните претпријатија и програмите на општинските одделенија, велат во Левица. ЈП Градски пазар и ЈП Охридски Комуналец и покрај покачените цени на услугите повторно поднесоа завршни сметки со ЗАГУБИ. ЈП КОМУНАЛЕЦ 12 милиони денари, дури два пати поголема загуба од минатата година кога работеле со загуба од 5 800 ...

Најмалку двајца Палестинци, меѓу кои и една жена, загинаа, а неколку други се повредени во израелски воздушен напад врз станбена зграда во јужниот дел на Појасот Газа. Друг воздушен напад погоди куќа во кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа при што загинаа пет лица, меѓу кои две деца и една жена, чии тела билепренесени во болницата Ал Акса во Деир ал Балах. Палестинците во Газа оваа година го празнуваат Рамазан во услови на ...

Ние сме изложени на духовен, културен, етнички и национален геноцид со години, брутално искрено би кажала Палестинците на Балканот, вели Билјана Ванковска. Во последното обраќање кон јавноста, кандидатката на Левица на претседателските избори, се осврна на тешката состојба во која се најде македонскиот народ. – Не тераат дури и доброволно да се радуваме, леле добив пасош со Северна или лична карта. Тешко ми е тоа да го прифатам, иако ...

Неодамнешниот директор на БИА и основач на Социјалистичкото движење, Александар Вулин, за кинеските државни медиуми изјави дека „без успешна и исправена Кина, не може да има слободен свет“. „Кина докажа дека е можно да се биде економски успешен, а сепак општествено хуман, и дека социјализмот на никаков начин не е инфериорен во однос на капитализмот само кога се води на правилен и соодветен начин. Шји Џјинпинг е човек што прерасна во ...

„Во однос на историјата, сите држави, вклучително и балканските, си имаат сопствена историска нарација. Само нас ни е одземено правото, со Преспанскиот договор и со таканаречениот Договор за добрососедство со Бугарија, да имаме свој сопствен историски нарататив. И тоа е удар врз идентитетот, но тоа го направија недоквакани политичари и ние како нова генерација политичари, тоа ќе мораме да го исправиме. Политичкиот активизам кој го започнавме ...

И покрај промената на Министерот за внатрешни работи, продолжуваат притисоците врз активистите на Левица кои протестираа против т.н. Француски предлог. Деновивее доспеаја нови казни до активистите кои учествуваа на протестот на клучката кај Сарамзалино. За протестот што помина мирно, а на истиот имаше и членови од останатите политички партии, претходно, единствено на активистите од Левица им стигнаа покани да се изјаснат во полициската ...

ЈКП Водовод со допис призна дека каналите наменети за атмосферски води ги сметаат за вид на канализациона мрежа со што дефакто здравјето на голем дел жители на Општина Илинден се става во опасност! Каналските мрежи во Општина Илинден, иако се наменети исклучиво за одведување на атмосферските води, благодарение на минатото раководство на ДПМНЕ, кое го започна овој проект, и сегашното кое го продолжува, ги става жителите во опасност од разни ...

Постојано се намалува земјоделското производство и се зголемува увозот на храна, тврдат од Левица. -За 10 години за увоз на храна сме потрошиле 6,7 милијарди евра, од кои 4,5 милијарди евра за време на сегашната власт. Само во 2022 година се потрошени рекордни 900 милиони евра. Истата година увозот од Албанија е зголемен за 37 отсто, додека извозот во Албанија е намален за 22 отсто. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, тврди, пак, дека ова е ...

По иницијатива на советничката група на Левица која што денес беше усвоена во Советот на Град Скопје, во секое средно училиште ќе се отвори по една сензорна соба или вкупно ќе се отворат 23 сензорни соби во Скопје. Бенефитите од сензорните соби за учениците кои имаат потреба од индивидуализирана поддршка во совладувањето определени вештини и знаења, односно постигање определени цели според индивидуалниот образовен план, модифицираната ...

Амбасадата на Јапонија ја најави патувачка зложбата на големите јапонски мајстори за дрворези – УКИЈО-Е од XVII и XVIII век започнувајќи од 15 март во Велес. Денес 15.03.2024 со почеток од 13 часот во ЛУ Народен Музеј Велес, изложбата ќе ја отворат Н.Е. г. Казуја Оцука, Амбасадор на Јапонија, г. Горан Антевски, претседател на AOTS Macedonia и EFAAS и г-а Јасмина Намичева, кустос. Изложбата е во организација на МузеумЛинк раководена од ...

ЈКП Водовод со допис призна дека каналите наменети за атмосферски води ги сметаат за вид на канализациона мрежа со што дефакто здравјето на голем дел жители на Општина Илинден се става во опасност, посочуваат од Левица. Каналските мрежи во Општина Илинден, иако се наменети исклучиво за одведување на атмосферските води, благодарение на минатото раководство на ДПМНЕ, кое го започна овој проект, и сегашното кое го продолжува, ги става жителите ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
6.17
47%
1012
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
5.14
46%
1014
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
49%
1015
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
54%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.96
86%
1017
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
55%
1016
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.58
64%
1011
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
50%
1013
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
6.69
47%
1012
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
67%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
3.09
43%
1016
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
6.69
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Платина

60154.05

Иридиум

258288.78

Рутениум

56199.51

Родиум

350443.14

Паладиум

45911.27

Калај

43.90

Алуминиум

3.18

Кобалт

66.14

Злато

166450.52

Цинк

3.07

Сребро

2840.84

Бакар

10.68