Како што информираат од МОБ, гостувањето е резултат на меѓународната соработка и размената во областа на културата и уметноста. Овој настан е можност да се почувствува силата на музиката и уметничката интерпретација во вистинската форма. Диригент е Григор Паликаров, режисер Вера Немирова, сценограф и костимограф Јулијан Табаков, кореограф Анна Пампулова, а диригент на хорот Теодора Георгиева. Настапуваат, Валериј Георгиев, Ирина Жекова, Бојка ...
Во улогата на Виолета Валери ќе настапи Наде Талевска, во улогата на Алфред Жермон ќе настапи Благој Нацоски, во улогата на Жорж Жермон, Марјан Јованоски. Во останатите улоги настапуваат: Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Васко Здравков, Драган Ампов, Дејан Стоев, Борко Биџовски, Игор Гиновски, Тихомир Јакимовски, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет. Еден од темелите на светскиот оперски ...
Ќе настапат Наде Талевска, сопран, Васко Здравков, баритон и Нико Ѓоргиевски, контратенор, заедно со хорот и оркестарот на НОБ. „Публиката ќе може да дојде и да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот. Слушањето на моќната „Кармина Бурана“ е секогаш посебно искуство и со години го привлекува вниманието на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар“, велат од ...
„Палјачи“ на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, а во режија на Дејан Прошев. Ќе настапи домашна солистичка екипа. Во улогата на Канио/Палјачо ќе настапи Зоран Сотиров, во улогата на Неда – Дешира Амети Крлиу, во улогата на Тонио ќе настапи Марјан Јованоски, во улогата на Силвио – Драган Ампов, а во улогата на Арлекин, Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Сценографијата ...
Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, а сценографијата и костимографијата се на Павол Јураш од Словачка, концерт-мајстор е Климент Тодороски. Во главните улоги ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз (Шпанија) со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и ...