Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, свика вонредна прес-конференција во вторник, на која се појави сам. Реал оваа сезона остана без ниту еден освоен трофеј, го отпушти тренерот Чаби Алонсо среде сезона и загуби од Барселона во клучното „Ел Класико“. Дополнително, во јавноста излезе информација за сериозен конфликт меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени. Перес ја започна конференцијата со најави за избори за ново раководство на ...

Флорентино Перез свика вонредна прес-конференција за денеска во 18:00 часот и цела Шпанија со големо нетрпение го чекаше неговото обраќање, па главна вест од воведниот дел е тоа дека првиот човек на Реал Мадрид не си поднесува оставка. Претседателот на Реал се најде под голем притисок поради двете сезони без освоен трофеј и многумина побараа од него да се повлече од функцијата која ја извршува со години, но Перез не сака да покаже слабост и ...

Реал Мадрид беше центарот на огромна драма на денешната прес-конференција на претседателот Флорентино Перес, кој настапи видно нервозен и упати остри критики кон медиумите, Барселона, судиите и Ла Лига. Најголемо внимание сепак привлече неговиот коментар за конфликтот меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени. Перес откри дека вакви тензии во соблекувалната не се невообичаени во Реал, велејќи дека под голем притисок играчите често влегуваат во ...

По неколку шокантни дена и целосен хаос во шпанскиот фудбалски клуб, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, свика вонредна прес-конференција денеска од 18.00 часот. Во изминатата недела од соблекувалната на Реал пристигнаа информации дека на тренерот на екипата Алваро Арбелоа не му веруваат неколку играчи, дека Ридигер и Карерас се судрија, а пристигнаа информации дека Чуамени го удрил Валверде, кој морал да биде хоспитализиран. Врв ...

Килијан Мбапе нема да го напушти Реал Мадрид и покрај тоа што голем дел од навивачите на Кралскиот клуб сакаат да го видат неговото заминување. Флорентино Перес нема да дозволи негов трансфер или продажба. Килијан Мбапе се најде под силни критики од навивачите на Реал Мадрид. Голем дел од нив го прозиваат, на натпреварите му се свирка, а дури е покренета и петиција за негово заминување од клубот. Сепак, нивната желба нема да се исполни. ...

Тренерот на Реал Мадрид Алваро Арбелоа ја повтори пораката на Флорентино Перез од прес-конференцијата во врска со анти-мадридското расположение во шпанскиот фудбал, особено тоа што е поврзано во врска со случајот Негреиро. „Седум украдени титули во лигата? Секако. Ако Реал Мадрид го допре дното, што направија другите?“ беа некои од одговорите на тренерот на прес-конференцијата која беше оддржана во пресрет на дуелот против Овиедо, кој ќе се ...

По сезоната во која фудбалскиот тим не успеа да освои ниту еден трофеј, а тензиите во соблекувалната кулминираа со меѓусебна физичка пресметка меѓу играчите Федерико Валверде и Орелиен Чуамени, атмосферата во Реал Мадрид дополнително се вжешти, но според Флорентино Перез дел од работите се режирани за тој да биде симнат од функцијата прв човек на „кралевите“. Во вторникот 79-годишниот претседател одржал вонредна прес-конференција на која ...

Претседателот на „Кокс групацијата“, Енрике Рикелме, е подготвен да влезе во изборната трка за прв човек на Реал Мадрид. Рикелме има 37 години и ги исполнува главните два услови за да биде претседател на Кралскиот клуб, тоа се барем 20 години да има членска книшка и да уплати 150 милиони евра како гаранција (уште е во преговори со банки да му дадат гаранција). Бизнисменот е роден во Аликанте, главен акционер е моќна компанија за обновлива ...

Добро информираниот шпански новинар Мигел Серан, објави дека ако на претседателските избори во Реал Мадрид има противкандидат, актуелниот прв човек на Кралскиот клуб, Флорентино Перес, ќе вети доведување на аргентинскиот фудбалер за врска кој во моментов игра во Челзи, Енцо Фернандес. Освен Енцо, столбови на кампањата на Перес ќе му биле и враќање на Жозе Мурињо како тренер и на Тони Крос кој би имaл функција во менаџментот одговорен за ...