Фудбалерите на Манчестер јунајтед стигнаа до голема победа во битката за Лигата на шампионите откако вечерва во последниот меч од денешната програма од 33. коло во Премиерлигата славеа на гостувањето кај Челси со минимални 0-1. Клучниот момент во натпреварот се случи во 43. минута кога Матеуш Куња на асистенција на Бруно Фернандеш го постигна погодокот за 0-1 што на крајот значеше и три бода за „црвените-ѓаволи“. Крадењето авторски ...

Фудбалерите на Лајпциг во саботата беа подобри од Ајнтрахт Франкфурт со 3:1 на гостински терен, во натпревар од 30 коло од Бундеслигата. Гостите поведоа во 27 минута преку Јан Диоманде, но седум минути подоцна Ајнтрахт израмни со голот на Уго Ларсон. Победата на Лајпциг му ја донесоа Антонио Нуса во 70 минута и Конрад Хардер во 81 минута од натпреварот. Ова е четврти триумф по ред за Лајпциг, кој е на третото место во Бундеслигата со 59 бода ...

Фудбалерите на Јувентус славеа сигурна победа од 2:0 против Болоња во Торино, во рамките на 33. коло од италијанската Серија А. Избраниците на Лучано Спалети ја продолжија серијата од речиси два месеца без пораз и стигнаа до трета последователна победа без примен гол. Гостите можеби имаа алиби во згуснатиот распоред и европските обврски, но избраниците на Винченцо Италијано денеска не беа ни блиску до бод. „Старата дама“ поведе уште во ...

Екипата на Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите за фудбалери до 19 години, откако вечерва во финалето во Лозана на пенали го победи Клуб Бриж. Во регуларните 90 минути беше 1-1 (Реал поведе со убав гол со пета) , и се прејде на изведување пенали. Јунак на Реал е голманот Хави Наваро кој одбрани два удари од белата точка на младите Белгијци, а од Кралскиот клуб сите четорица кои шутнаа, постигнаа гол. Реал Мадрид и во 2020 беше европски ...

– Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, го сподели своето мислење за значењето на победата од 1:0 над Челзи во 33. коло од Премиер лигата. – Фантастично чувство е. Требаше да се вратиме од заостанувањето – не само поради последниот натпревар против Лидс, туку затоа што имавме два натпревари пред тоа каде што не успеавме да победиме. Сепак, знаевме дека мора да прикажеме квалитетен настап бидејќи Челзи е многу силен тим. Оваа ...