Антонио Конте одлучи да се збогува со Наполи една година пред истекот на неговиот договор. Тој ги поздрави навивачите на Наполи преку социјалните мрежи. На својот Инстаграм профил, Конте сподели порака за збогум: „Две победнички години исполнети со силни емоции и голема страст! Едноставно… ВИ БЛАГОДАРАМ од дното на моето срце, НЕАПОЛ“. Антонио Конте го напушта Наполи со освоено Скудето минатата сезона, и италијански Суперкуп, освоен минатиот ...

Италијанскиот фудбалски стручњак, Антонио Конте ја заврши приказната со калчолигашот Наполи, клуб кој го водеше во претходниве две сезони. Конте во двете години успеа да освои по еден трофеј, во првата им го донесе на наполитанците пехарот во Серија А, а во втората титулата во Супер Купот. Потоа одлучи дека е време за разделба и додека клубот ја бара неговата замена, тој со една кратка порака се збогуваше со Наполи и навивачите. -Две ...

Она кое беше познато и претходно, денеска стана и официјално. Наполи и Антонио Конте се разделија една година пред истекот на договорот на италијанскиот стручњак. Наполиу му се заблагодари на Конте за досегашната соработка. „Наполи објавува дека спогодбено ги раскина работните односи со тренерот Антонио Конте и неговиот стручен штаб пред нивното природно истекување. Г-дин Конте беше на чело на нашиот тим две сезони, го предводеше Наполи до ...

Пред калчолигашот Наполи е интересен период, период во кој треба да бидат донесени значајни одлуки и повлечени потези. Прво прашање кое треба да биде затворено е околу тренерската позиција, наследникот на Антонио Конте кој реши дека е време за разделба по две години минати на југот на Италија. Веќе едно име се издвојува како главен фаворит за испразнетото столче-тоа е Масимилијано Алегри за кого од друга страна нема позитивна реакција кај ...

Италијанскиот вицешампион Наполи попладнево официјално го потврди заминувањето на тренерот Антонио Конте, прецизирајќи оти двете страни спогодбено го раскинале договорот. Заминувањето на Конте доаѓа откако Наполи, во чиј редови настапуваше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, не успеа да ја одбрани шампионската титула и ја заврши сезоната со трофејот во италијанскиот Суперкуп. Клубот од Неапол го освои второто место во Серија А, со 11 ...