Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески денеска не сакаше да ја коментира вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој од собраниската говорница го повика Савески повторно да ги актуелизира случаите за Катица Јанева и однесувањето на одредени обвинители. Вчера, на седницата за пратенички прашања премиерот рече дека очекува јавниот обвинител да постапи по овие предмети, а доколку тоа не го стори, како што рече, ќе продолжиме да ...

Чекор напред, два назад, е коментарот на експертите по „нарачките“ на премиерот Христијан Мицкоски од собраниска говорница, упатени до новоназначениот државен обвинител Ненад Савески, со што го урниса позитивниот впечаток кај јавноста што се стекна по изборот на наследникот на Љупчо Коцевски – дека конечно ќе му тргне на правосудството. Катапултираните приоритетни задачи што треба да ги сработи Савески, јавноста ги оцени како барања на ...

Државниот обвинител Савески не ги коментира очекувањата кои вчера јавно му ги испорача премиерот Мицкоски – детално да информира како биле префрлани предметите на СЈО во редовното обвинителство, за предметите со бонусите на СЈО и за 27 април.. За тоа како се чувствува што на почеток на мандатот доби листа на предмети од премиероот одговори „Нема да коментирам ничии изјави. Работата на Јавното обвинителство, на државниот обвинител и на секој ...

Новиот државен јавен обвинител, Ненад Савески нема да ги коментира изјавите на премиерот кој го повика како приоритет да најде одговор како Катица Јанева од затвор ги вратила во судска пракса предметите од СЈО, но и како им се судело на луѓе за тероризам врз основа на изнудени сведоштва. Што ќе направи за гласините дека предмети се чуваат во обвинителските фиоки, Савески вели дека само неколку дена е на функцијата, не им ги отворил фиоките на ...

1 Не знам што е чудно дека премиерот Христијан Мицкоски му кажал на Државниот јавен обвинител Ненад Савески кои случаи очекува да ги отвори. Новото е само тоа што овојпат тоа го направи историски, како што би се изразил тој – робусно, од собраниска говорница во директен пренос на телевизија. Досега премиерите им даваа задачи на обвинители и судии тајно, преку секретарките во Владата што ги штиклираа имињата во тефтерчињата. Нормално, тој го ...