Со дефиле на 50 делегации, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје вчера започна Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Седумдневниот спортски настан вклучува натпревари во 15 спортски дисциплини и тоа – атлетика, пливање, кошарка, баскет 3×3, ракомет, одбојка, џудо, спортска гимнастика, друмски велосипедизам, маунтајн бајк, кајак слалом, бадминтон, стрелаштво, пинг-понг и таеквондо. Натпреварите ќе се одржуваат во ...

Скопје е во срцето на Европа овие денови. После 3 дена на Европскиот младински олимписки фестивал се постигнати огромни достигнувања. Се уриваат рекорди, се освојуваат медали, се натпреварува, но и се другарува. Стотици млади од педесет држави се дел од спортската манифестација која за прв пат се одржува во Македонија. Можностите за сите значат многу повеќе од победи. Ова е прилика за мотивација, дисциплина, инспирација, вредности, тимска работа ...

Спортот отсекогаш претставувал повеќе од игра – тој е дисциплина, мотивација и инспирација за подобар и поздрав начин на живот. Младите спортисти се симбол на енергија, натпреварувачки дух и стремеж кон подобро. Тие не се стремат само кон освојување на медали, туку и за вредности – фер-плеј, тимска работа и одговорност. Истите тие принципи се темел и на грижата за животната средина. Денес, кога климатските промени сè погласно не предупредуваат, ...

На Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025 во текот на првиот натпреварувачки ден беше соборен светски рекорд во скок со стап за девојки до 17 години. Естонката Алика Инкери Мозер со прескокнати 4,52 метри постави нов светски рекорд, надминувајќи го претходниот од 4,51 метар. Сребрениот медал ѝ припадна на Моана Пејрард од Франција, која скокна 4,05 метри, а бронзата ја освои Анастасија Бумпулиди од Грција со скок од 3,95 метри. ...

Со спектакуларна церемонија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопјe, најголемиот мултиспортски настан досега одржан во Северна Македонија – Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF) Скопјe 2025 – беше официјално отворено вчеравечер. Со импресивен и емотивен почеток, официјално започна седумдневната спортска и културна прослава (која се одржува од 20 до 26 јули), здружувајќи млади спортисти од цела Европа во духот на фер-плеј, ...