Екипата на Башкими извојува важна победа на гостувањето кај Шкендија Арачиново (0-1) во натпреварот од четиринаесеттото коло на Првата македонска фудбалска лига. За кумановскиот тим ова беше четврти сезонски триумф, со кој стигна до 14 бода на табелата. Првото полувреме не понуди премногу содржајна игра, иако бевме сведоци на неколку солидни шанси на двете страни од теренот. Башкими беше тимот што имаше поголема иницијатива и создаде 2-3 ...

Башкими успеа да се издигне по ужасниот старт на сезоната и во последно време бележи навистина добри резултати, а тоа го продолжи и денеска на отворањето на новото коло по репрезентативната пауза. Тимот од Куманово дојде со јасна цел во македонската престолнина да брка три бода, па иако теренот за игра во Чаир беше навистина тежок за актерите на двете екипи, патот до мрежата го пронајдоа гостите. Башкими имаше подобра статистика во сите 90 ...

Башкими со победата на гости против Шкендија Арачиново од 1-0, потврди дека е во добра форма. Кумановските Зелено-црни освоија седум бодови во последните три кола и тоа многу им помага во битката за опстанок во прволигашкото друштво. Арачиновци беа домаќини на стадионот во „Чаир“, а пред мечот излегоа со маици со ликот на Агрон Мемеди кој почина неодамна, оддавајќи му почит на некогашниот фудбалер и македонски репрезентативец. Адис Мурати ...

Фудбалерите на Башкими славеа на гостински терен против Шкендија Арачиново со минимални 0-1 во воведниот натпревар од 14. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Гостите по трите одлични шанси, конечно успеаја да стигнат до водство од 0-1 преку капитенот Мурати во 64. минута. До крајот мируваа мрежите, а кумановци стигнаа до големи три бода во борбата за опстанок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...

Фудбалерите на Башкими забележаа значаен триумф на гостувањето кај Шкендија Арачиново, совладувајќи го домашниот состав со минимални 0-1 во рамките на 14. коло од Првата македонска лига. Кумановци одиграа квалитетен натпревар, создадоа повеќе изгледни можности и на крајот заслужено ги освоија трите бода. Херој на гостите беше капитенот Мурати, кој во 64. минута ја затресе мрежата на домаќините и го реши победникот. Во првиот дел двете екипи ...

Башкими ја продолжи добрата резултатска серија и со гостинска победа од 0:1 над Шкендија Арачиново го отвори 14. коло во Првата македонска фудбалска лига. Одлучувачкиот гол го постигна Адис Мурати во 64. минута, носејќи му на кумановскиот состав три важни бода во борбата за опстанок. Победата има дополнителна тежина кога ќе се погледнат последните три првенствени настапи. Башкими најпрво го совлада Арсими, потоа ремизираше со Брегалница, а ...