Конфликтот на Блискиот Исток се интензивира. Иран изврши напади со ракети и беспилотни летала врз неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Израел, Катар и Обединетите Арапски Емирати, додека Израел и САД возвратија со воздушни напади врз ирански цели и во Либан. Американските сили целосно уништиле 16 ирански пловила кои поставувале мини во Ормускиот Теснец. Пентагон разработува дополнителни опции по директива на американскиот претседател ...
Ескалацијата на судирите во Иран и Блискиот Исток го чини туризмот најмалку 600 милиони долари дневно во меѓународни патувања, бидејќи прекините во воздушниот сообраќај и регионалната поврзаност, исто така, влијаат на побарувачката, соопшти Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC). Проценувајќи ги загубите од туризмот поради војната, WTTC вчера ја истакна важноста на Блискиот Исток во глобалните патувања, бидејќи регионот сочинува пет ...
Иран се закани на Амазон, Гугл и Мајкрософт на Блискиот Исток откако на 12 март иранската новинска агенција Тасним, која се поврзува со Револуционерната гарда, објави список од околу 30 локации на големи американски технолошки компании во регионот и ги означи како „непријателска технолошка инфраструктура“. Со тоа, во екот на пошироката регионална ескалација, во фокусот повеќе не се само нафтените и воените цели, туку и дата-центрите, ...
Четиринаесеттиот ден од конфликтот на Блискиот Исток минува во услови на нови напади, експлозии и силни политички пораки од регионалните и светските лидери, додека тензиите меѓу Иран, Израел и САД продолжуваат да растат. Конфликтот влегува во втората недела со сериозни безбедносни последици во регионот и со зголемена загриженост на меѓународната заедница. Според извештаите од регионот, експлозии се слушнале во Техеран во момент кога во ...
Дубаи стана главна цел поради неговиот статус на глобален економски центар и блиските врски со САД. Со нападите, Иран сака да изврши притисок врз американските сојузници и да покаже дека дури и финансиските центри не се безбедни. Пред почетокот на конфликтот, Иран предупреди дека секој напад врз таа земја би можел да влијае на целиот регион. САД и Израел очигледно ја оцениле заканата како прекумерна или го сметале ризикот за прифатлив. ...
САД распоредува околу 5.000 дополнителни маринци и морнари на Блискиот Исток за поддршка на војната во Иран, објави „Ен-би-си њуз“. Припадниците на војската се дел од Амфибиска борбена група и Морнаричка експедициска единица, познати како АРГ/МЕУ. Групата вклучува околу 2.500 маринци и 2.500 морнари. Маринците се распоредени во 31-та Морнаричка експедициска единица, која е стационирана во Јапонија и е единствената постојано распоредена ...
Две трки од шампионатот на Формула 1 што беа планирани за април би можеле да бидат отстранети од календарот поради влошувањето на безбедносната состојба на Блискиот Исток, објавува Скај Спорт. Според претходно објавениот распоред, четвртата трка од сезоната требаше да се одржи од 10 до 12 април во Бахреин. Веќе следниот викенд, возачите требаше да настапат на уличната патека во Џеда, каде што се одржува Големата награда на Саудиска Арабија. ...

