Кина се спротивставува на употребата на царини како средство за принуда, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со дополнителни царини од 10 проценти за земјите што се приклучуваат кон групата земји во развој БРИКС. „Воведувањето дополнителни царини не е во корист на никого“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на редовната ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска испрати нова серија писма до група од шест земји, информирајќи ги за дополнителните царини што ќе бидат применети на нивните производи кои влегуваат во САД. Писмата беа испратени до Алжир, Султанат Брунеи, Ирак, Либија, Молдавија и Филипини. Се очекува алжирските, либиските и ирачките производи да бидат оданочени со околу 30 отсто, од Молдавија и Брунеи со 25 отсто, а од Филипини со 20 отсто. ...

Цените на бакарот во САД скокнаа на рекордно високо ниво во вторник откако Доналд Трамп изјави дека Вашингтон ќе воведе царини од 50 проценти за индустрискиот метал во најновата ескалација на трговската војна на претседателот. „Денес се занимаваме со бакар“, рече Трамп пред состанокот на кабинетот, додавајќи дека верува оти тарифите ќе бидат 50 проценти. Забелешките го отворија најновиот фронт во сеопфатните трговски војни на американскиот ...

Доналд Трамп го одложи наметнувањето на нови царини, иако неговата администрација претходно најави 90 трговски договори за 90 дена. Наместо тоа, досега не се постигнати ниту девет, пишува Би-би-си. Препорачано Како што објави Би-би-си Белата куќа на американскиот претседател Доналд Трамп првично вети 90 договори во рок од 90 дена, откако делумно го паузираше процесот на воведување т.н. „реципрочни“ царини. Во реалноста, до претходниот краен рок ...

Кина ја предупреди администрацијата на претседателот Трамп да не ги разгорува трговските тензии со враќање на царините за нејзините стоки следниот месец и се закани дека ќе се одмазди против земјите што ќе склучат договори со САД за да ја исклучат Кина од синџирите на снабдување. Вашингтон и Пекинг се согласија на трговска рамка во јуни со која се воспостави кревко примирје, но со многу детали сè уште нејасни, трговците и инвеститорите од двете ...