Сподели ВМРО-ДПМНЕ ја партизира и културата, претворајќи ја во свој партиски плен, каде неспособноста и непотизмот владеат над професионализмот, реагираат од СДСМ. СДСМ најостро реагира на најновите скандалозни партиски поставувања во културните институции, со кои Министерството за култура предводено од Зоран Љутков целосно го урива професионалниот и институционален интегритет на културниот систем во државата. Скандалозните партиски ...
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со системско уништување на државните институции, овојпат преку брутална партизација на една од најсериозните и најчувствителни служби М-НАВ, институцијата која се грижи за безбедноста на сите нас во воздух, велат од СДСМ. На огласот за нови вработувања, избрани се лица кои од квалификации единствено имаат партиска книшка. Во М-НАВ, место професионалци кои знаат англиски и имаат стручни лиценци, ВМРО-ДПМНЕ вработува, сопруг ...
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „Кој зборува за култура? СДСМ? Партијата која на чело на Министерството за култура ја имаше Бисера Антоанета? Со СДСМ, парите во културата завршуваа или за мечиња за Бисера или за УЧК песни. Јасно се гледа дека во Министерството за култура по нивната логика оправдано беше само да се трошат државни пари за плишани мечиња и шопинзи во Лондон. СДСМ кога зборува за култура нека се сети само што правеа нивните луѓе во оваа ...