Свирепо убиство е расчистено во гостиварско, откако полицијата го пронајде телото на 53-годишната Х.А. од селото Равен, закопано во атарот на селото Неготино. Клучниот момент во истрагата се случил кога сопругата на осомничениот убиец, Ѓ.В. (48), во полициска станица го признала злосторството. Таа открила дека нејзиниот сопруг С.М. (53) со пиштол ја усмртил жртвата, а потоа полицијата ја одвела до местото каде што било закопано телото. ...
Јавното обвинителство денеска информира дека обдукцијата врз телото на жената која беше пронајдена закопана во дупка во атар на Неготино полошко е завршена и според првичниот наод таа е лишена од живот со огнено оружје. „По наредба на јавен обвинител, се врши вештачење на траги подигнати од неколку локации. Се вршат и претреси и се преземаат други истражни дејствија.“, соопшти ЈОРМ. Краткотрајниот притвор за осомничениот е продолжен за уште 48 ...
Тетовската полиција за кратко време расчисти убиство кое првично беше пријавено како случај на исчезнато лице. Синот на педесет и тригодишна жена од гостиварското село Равен пријавил дека таа се оддалечила од нивниот дом откако влегла во автомобил, по што била недостапна на телефон. Во истрагата полицијата привела едно сомнително лице и извршила претрес во неговиот дом, при што била приведена и сопругата на осомничениот. При нејзиниот распит таа ...

