Андреј Шошкиќ на 17-годишна возраст дебитираше за Работнички, а младинскиот репрезентативец на Македонија со одличните партии сезонава се наметна и како еден од лидерите на „центарци“. Сепак, оваа сезона ќе биде последна за одличниот плејмејкер во дресот на Работнички откако тој го избра следниот чекор во кариерата – преселба во САД. Шошкиќ летово ќе се пресели од другата страна на Атлантикот и ќе биде дел од универзитетскиот тим на Стоуни Брук ...

Скопје, 3 мај 2025 (МИА) – Македонскиот кошаркарски талент Андреј Шошкиќ, ќе го напушти Работнички и својата кариера ќе ја продолжи во САД. Од следната сезона Шошкиќ ќе биде член на универзитетскиот тим Стони Брук во НЦАА лигата. Новиот клуб на Шошкиќ за овој трансфер информира преку својот профил на Фејсбук. Дваесетгодишниот Шошкиќ е повремен сениорски репрезентативец и стандарден младински репрезентативец на Македонија. зс/ Фото: Фејсбук ...

Андреј Шошкиќ, големиот талент на Работнички и големата надеж на македонската кошарка, својата кариера ќе ја продолжи во САД. Станува збор за универзитетскиот тим на Стони Брук во НЦАА лигата. Шошкиќ веќе има потпишано договор за соработка а беше и промовиран како што се гледа од социјалните мрежи. Одличниот плејмејкер на Работнички, кој со своите 20 години израсна во лидер на тимот и преходно имаше понуди за трансфер, сепак остана во клубот од ...