Андреј Шошкиќ на 17-годишна возраст дебитираше за Работнички, а младинскиот репрезентативец на Македонија со одличните партии сезонава се наметна и како еден од лидерите на „центарци“.
Сепак, оваа сезона ќе биде последна за одличниот плејмејкер во дресот на Работнички откако тој го избра следниот чекор во кариерата – преселба во САД. Шошкиќ летово ќе се пресели од другата страна на Атлантикот и ќе биде дел од универзитетскиот тим на Стоуни Брук универзитетот, со кого денеска и официјално го потпиша договорот за соработка.
Станува збор за тим од првата дивизија на НЦАА-лигата кој доаѓа од Њујорк, Стоуни Бриџ минатата сезона имаа скромен скор од осум победи и 24 порази, со надеж дека со Шошкиќ во тимот ќе бележат далеку подобри резултати во наредниот шампионат.
Андреј Шошкиќ минатото лето имаше на маса интересна понуда од ривалот МЗТ Скопје, младиот плејмејкер ја покажа лојалноста кон Работнички, но шансата за преселба во САД беше премногу добра за да биде пропуштена, па тој од следната сезона ќе биде дел од НЦАА-лигата.
Long Island bound
Join us in welcoming Andrej Soskic to our Seawolves family!
x #CAAHoops pic.twitter.com/SLY09plMZ2
— Stony Brook Men’s Basketball (@StonyBrookMBB) May 2, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА