Летувањето во Охрид оваа сезона станува сè поголем трошок за домашните туристи. Во шпицот на летната сезона, од 23 јули до 5 август, цените на приватното сместување достигнуваат и до 130 евра за ноќевање за четиричлено семејство, покажува понудата на дел од платформите за резервации и огласите на издавачите. Во зависност од локацијата, близината до езерото и опременоста, цените на апартманите најчесто се движат од 70 до 130 евра за ноќ. ...

Шпицот на сезоната повторно го крена Охрид на врвот на домашната туристичка мапа, ама овојпат не само по гужвата, туку и по цените. Апартманите во најбараните делови од градот, особено во близина на езерото и центарот, достигнуваат и до 8.000 денари за ноќевање. За дел од туристите тоа е очекувано за јули и август. За други, веќе е премногу. Во приватното сместување, како што велат издавачите, цените не се исти како пред неколку години. Дел ...