Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Охридскиот рамковен договор ги постави мирот, дијалогот и еднаквоста во основата на градењето одржливо општество. Нашата одговорност денес е да се надоврземе на неговите поуки и да ги преточиме во одржливи стандарди на демократијата и соживотот, вели претседателот на Собранието Африм Гаши, по повод одбележувањето на годишнината од договорот. -Денес, одбележувајќи ја годишнината од Охридскиот рамковен договор, се ...
По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата. На настаните учествуваа копретседателите на ВЛЕН, Изет Меџити и Билал Касами, првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, како и министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати. Од ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор порача дека документот и по четвртина век останува важен столб на уставната и институционалната архитектура на Северна Македонија. Во соопштението по повод годишнината, Гаши оцени дека Охридскиот рамковен договор претставувал политички и институционален одговор на кризата во 2001 година, заснован врз одговорност, дијалог и визија за иднината. „Пред ...

