На 15.11.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека во атарот на охридското село Свињишта било пукано од огнено оружје, при што еден проектил завршил во влезна врата од куќа, сопственост на 54-годишен жител на истото село. Повредени лица нема, а увид на местото и подигнување на пронајдениот проектил, изврши екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, ...

На 18 ноември 2025 година, околу 20:00 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат во селото Липково, општина Липково, патничко возило „опел вектра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 49-годишен маж од селото Отља, удрило 42-годишен пешак од селото Липково. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле потврдени во Општата болница Куманово. На местото на несреќата увид извршила увидна екипа на СВР Куманово. ...

Три лица се повредени во вчерашната сообраќајка која се случила во 16:50 часот на регионалниот пат Валандово-Удово, соопштија денеска од СВР Струмица. Во несреќата учествувале автомобил „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(42) од село Старо Балдовци, општина Босилово и мотоцикл „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(52) од Кавадарци. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и ...