На 26 јули, оддаваме почит на сите изгубени животи, на болката што засекогаш остана дел од меморијата на градот и на солидарноста што му помогна на Скопје повторно да застане на нозе. Сеќавањето е поглед кон минатото, обврска да го чуваме белегот на трагедијата, но и духот што ги обедини скопјани. Духот што нè научи дека по секое искушение следува нов почеток, дека градот живее преку своите луѓе, преку заедништвото, песната, надежта и ...
Утрото на 26 јули 1963 година останува запишано како едно од најцрните поглавја во историјата на Скопје. За само дваесет секунди, земјотресот со јачина од 6,1 степени според рихтер ја промени судбината на градот. Илјадници семејства останаа без најблиските, десетици илјади без домови. Првите драматични минути и вестите за катастрофата „Скопје е погодено од катастрофален земјотрес“ Со овие зборови, дежурниот телефонист во Пошта Скопје, Ѓорѓи ...
Македонската метропола вечерва оддава почит на својата најтешка историска рана, одбележувајќи шеесет и три години од катастрофалниот земјотрес кој засекогаш го промени ликот и судбината на градот. По тој повод, легендарниот пејач Драган Мијалковски ќе одржи целовечерен концерт под наслов „Скопје радост моја“, сместен кај познатата фонтана „Лотосов цвет“ во Градскиот парк, во 21 часот. На просторот каде што генерации скопјани израснаа и ...

