Викендов се играат сите осум меча од 23.коло во ВМФЛ. Дербито се игра на Автокоманда, каде домашниот состав на Скопје се среќава со Брегалница. Ова ќе биде големо дерби, се очекува голема битка ако се знае дека „пиратите“ кои сега се лидери имаат само бод повеќе од штипските “сини“ кои со победата дома во минатото коло против Охрид и тоа како се вртија во игра за првото место на табелата кое води директно во нашата фудбалска елита. Скопје е ...
Екипата на Охрид го совлада тимот на Новаци со 3-0 во првиот меч во 23. коло од Втората лига. Охриѓани рутински славеа триумф, и сега мирно од врвот ги чекаат резултатите на останатите ривали за влез во прволигашката конкуренција. Каланоски ги донесе охриѓани во предност, откако погоди по една нафрлена топка, и со волеј го совлада гостинскиот голман. Тоа беше резултат по првиот дел. Во второто полувреме прекрасен гол постигна Димитриоски. ...

