До 12:00 часот денеска, на територијата на Северна Македонија регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, осум се активни, пет се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати. Активни пожари (8) Пожарникарските екипи и другите надлежни служби активно се борат со огнената стихија на следниве локации: Чучер Сандево: Помеѓу селата Блаце и Горњани, на местото викано Рамна Шума, ...

Тежок ден е зад Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Крива Паланка, која се соочи со голем и брзоширечки пожар во атарот на Крива Паланка. Пожарот, кој избувна на 9 јули околу пладне во село Градец (Долен Градец), брзо се прошири поради силниот ветер и загрози повеќе населени места, вклучувајќи ги село Лозаново и населбите Бегови Бавчи и Мизовски Ливади. Од ТППЕ Крива Паланка соопштија дека веднаш по пријавата, на терен излегле едно ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска изјави дека постојат сериозни сомнежи оти дел од пожарите кои избувнаа деновиве низ државата се намерно подметнати. „Од информациите кои ги имаме досега, се сомневаме дека некои од пожарите се подметнати. Имаше дрвени палети фрлени во грмушки, кај скопската обиколница е најдена гума, а на друго место шишиња со бензин. Вчера се фатија лица кои се обиделе да предизвикаат ...