Откако на 18 јуни Термоблокот 2 од РЕК „Битола“ автоматски беше исклучен од електроенергетскиот систем поради пожар, Комбинатот кој е најголем производител на електрична енергија во државата, веќе шест дена не произведува струја. Од РЕК соопштија дека Термоблокот 1 е во редовен годишен ремонт од 10 јуни, а Термоблокот 3 е исклучен од мрежата поради актуелните намалени потреби за електрична енергија од универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“. За ...

Вториот блок на РЕК „Битола“ кој е надвор од електродистрибутивната мрежа од 18 јуни поради пожар во близина на ормарот за електронско управување, многу скоро повторно ќе биде вратен во мрежата и синхронизиран, вели портпаролката на РЕК „Битола“, Оливера Михајловска. Вториот од трите блока на Рударско-енергетскиот комбинат беше автоматски исклучен од електроенергетскиот систем по активирање на заштитниот механизам. – Тоа е процес, многу скоро ќе ...