МЗТ Скопје е на победа до освојување на нова шампионска титула во домашниот шампионат. Актуелниот првак води со 2-0 во финалната серија против Маџари, третата средба се игра денеска (19 часот) во салата „Н.Н.Борче“. Пред овој дуел дебитантот во прволигашкото друштво и најпријатното изненадување доби „честитка“ од КФСМ после најчудниот меч во последно време кога станува збор за финалните пресметки. Во СЦ „Јане Сандански“ видовме судиско шоу ...
МЗТ Скопје ја продолжи жетвата на трофеи во македонскиот кошарка со уште една шампионска титула, 13. во клупската историја откако аеродромци славеа со максимални 3-0 во финалната серија со Маџари. По двете победи на домашен терен, „металците“ вечерва славеа и во Маџари со резултат 74-80, за нов шампионски трофеј во клупските витрини. Маџари беше подобар тим во почетната фаза од овој натпревар, но МЗТ постигна серија лесни поени преку ...
Екипата на МЗТ Скопје го совлада Маџари со конечни 74-80 во третиот натпревар од финалната серија во Суперлигата, со што му приреди „метла“ на дебитантот во елитата и стигна до тринаесеттата шампионска титула во историјата на мак-баскетот. „Металците“ на Васко Атанасов можеби не одиграа најдобар меч на гостувањето во Маџари, но на крајот покажаа зошто се фаворити во финалето против дебитантот во најсилната конкуренција. Домаќинот солидно го ...

