Прилеп на 9 и 10 мај ќе стане центар на адреналинот и мотоспортот, откако во градот ќе се одржи хард ендуро трката „топташ родео 2026“. Настанот се организира со поддршка на локалната самоуправа и Хард Ендуро Клуб Прилеп, а според најавите, се очекува да привлече голем број учесници и посетители од земјата и регионот. Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, истакнува дека подготовките за овој настан биле интензивни и резултирале со ...
Локалната самоуправа во соработка со Хард Ендуро Клуб Прилеп, активно учествуваше во подготовката на теренот и организацијата на овој значаен настан. Со заеднички напори беше изграден првиот хард ендуро и тренинг полигон од ваков тип во нашата држава, инвестиција што останува како трајна вредност за градот и за сите љубители на овие спортови. Паралелно се реализира и реконструкцијата на патот кон месноста Топташ, со што значително се ...

