Познатиот сараевски спортски портал „SportSport.ba“ вечерва објави провокативен текст и наслов по повод убедливиот пораз на Македонија од Турција со 0-4. „Нека не ги залажува нерешеното на Кошево. Турците им покажаа на Македонците каде им е местото“, стои во насловот. Во текстот се коментира: „Што се однесува до Македонците, тие неодамна одиграа 0:0 против резервниот тим на Босна и Херцеговина на Кошево, но вечерва беа целосно немоќни“. ...

Убедливиот пораз на фудбалската репрезентација на Македонија, на гостувањето во Турција, е тема на интерес и во Босна и Херцеговина. Избраниците на Гоце Седлоски, во понеделникот, одиграа пријателски натпревар во Истанбул кој го завршија со убедлив пораз од 4:0. „Црвено-жолтите“ не знаат за победа на последните осум натпревари, а на последните четири примија осум погодоци и не постигнаа ниту еден. Дуелот против Турција привлече внимание и во ...