Систем за противракетна одбрана споредлив со американскиот „Патриот“ се развива во Украина со помош на европски партнери како дел од проект наречен „Фреја“, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Би рекол дека тоа е европски систем, но таков што останува под наша контрола. Проектот е наш систем за балистички ракети, кој треба да биде еквивалентен на „Патриот“ во однос на можностите за пресретнување, но е повеќе насочен ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека Украина ќе добие пакет ракети-пресретнувачи „ПАК-3“ од САД во наредните денови и додаде дека се постигнати договори со европските партнери за дополнителни испораки на овие ракети. „Ова беше успешен самит за Украина. Во наредните денови ќе добиеме пакет од Соединетите Американски Држави. Исто така, постигнав посебни договори со европските партнери. Сè уште нема датум, но ќе има ...

