Елиф Елмас дефинитивно си замина од Наполи и се врати назад во Лајпциг, јасно е дека германскиот клуб не смета сериозно на македонскиот „дијамант“, но Елиф е на цена на фудбалскиот пазар, па веќе доби неколку интересни понуди. Астон Вила е клубот што во моментов води во трката по Елмас, откако актуелниот освојувач на Лигата на Европа ги интензивирал преговорите за да го доведе нашиот ас во своите редови. Вила се подготвува на продажба на ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, би можел летово да направи трансфер во Астон Вила, со што би продолжил да игра во клуб од Лигата на шампионите, но првпат би заиграл во Премиер лигата. Елмас е заинтересиран од можноста да игра во најсилната лига на светот, а клубот е подготвен на Лајпциг да му ги плати бараните 17 милиони евра. Постои опција Елмас да остане во Наполи каде играше како позајмен, но наполитанците не сакаат да ...

