Капитенот на екипата на Вардар ЕМ, Ана Јаничиќ, беше прогласена и за најкорисен играч на Купот на ОФМ 2026 во женска конкуренција. Во денешното финале во дебитантот Вардар ЕМ успеа да го совлада бранителот на титулата, Наковски Волеј со 3:0 и да триумфора на 33. издание од Купот на ОФМ. Јаничиќ како и во полуфиналето, така и вечерва во финалниот дуел имаше одличен настап и заслужено го доби признанието. Капитенот на екипата на Вардар ЕМ, ...
Дебитантот на одбојкарскиот куп Вардар ЕМ е освојувач на 33. издание во женска конкуренција, откако во финалето со 3:0 (25:22, 25:12, 25:22) го победи бранителот на титулата Наковски Волеј. Ова за „црвено-црните“ е историски прв трофеј. Одбојкарките на Вардар ЕМ два сета добија со 25:22, а во вториот беа убедливи и на противничките им дозволија само 12 поени. Тимот на тренерот Јован Шапе покажа константност која стартуваше во осминафиналето ...

