Кристијан Пилиповиќ со златни букви ќе биде запишан во историјата на ГРК Охрид. Хрватскиот голман на мрежата на езерскиот тим беше главен лидер во сите победи во ЕХФ Европскиот Куп. На вториот финален меч против Татабања повторно беше ветер во грбот на својот тим, запиша 13 одбрани. Тој на најдобар можен начин ја завршува својата мисија во Охрид, следната сезона ќе настапува за Луцерен. „Ова беше најлуд меч, каква енергија… Голема ...
Ракометниот клуб ГРК Охрид ја живее најголемата спортска приказна во својата историја. Охридскиот клуб стигна до европски трофеј во ЕХФ Европскиот куп, откако во финалето двапати го совлада тимот на Татабања, а еден од најзаслужните за историскиот успех беше голманот Кристијан Пилиповиќ. Во вториот финален натпревар против Татабања, Охрид уште еднаш покажа карактер, борбеност и шампионски менталитет. Кога беше најпотребно, на сцена стапи ...

