Министерството за правда на САД ја прекласифицира марихуаната, одобрена од агенцијата ФДА и лиценцирана од сојузните држави, во категорија помалку опасни дроги, изјави вршителот на должност министер за правда Тод Бленш. Прекласификацијата не значи дека марихуаната ќе биде легализирана во сите американски сојузни држави. Министерството за правда иницира и итно сослушување за да се разгледа поширока прекласификација на марихуаната во ...
Американското министерство за правда ѝ даде нова класификација на марихуаната, прогласувајќи ја за помалку опасна дрога, што ќе биде голем поттик за индустријата вредна 47 милијарди долари. Ова е една од најголемите промени во американската политика за дроги во последните децении. Овој потег не ја легализира марихуаната низ целата држава, но веројатно ќе ја преобликува индустријата која се соочува со континуирани бариери на федерално ниво, ...

