Аргентинецот Хуан Мануел Серундоло го приреди најголемото изненадување на Ролан Гарос и го елиминираше првиот светски рекет, Јаник Синер, со конечни 3-2, по сетови 3-6, 2-6, 7-5, 6-1 и 6-1. Синер беше во одличен ритам во првите два сета и делуваше дека ита кон лесен и рутински триумф, но тогаш приказната комплетно се промени. Италијанецот играше со мала повреда, а Серундоло целосно го искористи моментот и успеа да направи комплетен пресврт. ...
Хуан Мануел Серундоло, искористи проблемите на Јаник Синер и избори сензационален пласман во третото коло на Ролан Гарос. Помладиот брат на Франциско Серундоло победи со 3:2 (3:6, 2:6, 7:5, 6:1, 6:1). Првите два сета, на теренот „Сузан Ленгле“, минаа во целосна доминација на Синер, првиот светски рекот лесно дојде до водство од 2:0. Во исто темпо, Италијанецот продолжи и во третиот сет, на 5:1 сервираше за победа, кога нешто му се случи. ...
Тенисерот број еден во светот, Јаник Синер, беше елиминиран во второто коло на Ролан Гарос. Италијанецот убедливо водеше против Хуан Мануел Серундоло со 2:0 во сетови и 5:1 во третиот и сервираше за меч, но потоа одеднаш физички се распадна. Изгуби дури 15 поени по ред, дозволувајќи му на противникот да стигне до 5:4 и три брејк топки. Серундоло направи уште еден брејк и ја продолжи својата серија на 18 поени по ред пред Синер конечно да ја ...

