Нашиот најдобар фудбалер на сите времиња, актуелен директор на репрезентација, Горан Пандев, во најновиот подкаст на ФФМ говори на повеќе теми. Некои разговори не се водат. Едноставно се случуваат. Тој е @goranpandev19, човекот што нè однесе таму каде што мислевме дека не припаѓаме, сега зборува за тоа каде навистина сме. Гранде има што да каже, а кога тој зборува сите треба да слушаат. Во среда од 21 часот ќе може да се проследи што тој ...

Најголемиот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, беше гостин во најновото издание на подкастот на ФФМ. Во емотивен и искрен разговор, популарниот „Гранде Пандев“ се осврна на претстојниот бараж против Данска, новата ера со Гоце Седлоски, но и на некои болни спомени од минатото. „Данска е фаворит, но овие момци имаат искуство“ Пандев не штедеше пофалби за сегашниот состав на репрезентацијата, нагласувајќи дека ова е група на ...

Како што и се најавуваше, вечерва можевме да го проследиме Горан Пандев, иконата на мак – фудбалот во поткастот на ФФМ. Гранде искрено, отворено говореше на повеќе теми. Откри некои работи што се насетуваа, а исто така говореше за тоа како и зошто се случуваа некои работи за време на ЕП 2020. Посочи дека тој смета дека во тоа време и без селектор ќе можеле да се пласираат на ЕП. Се разбира дека мислеше на Игор Ангеловски – Мрме, кој тогаш ...

Ретко кој може да го разбере последниот потег на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), која реши на еден ден пред полуфиналниот бараж-дуел за пласман на Светското првенство, против селекцијата на Данска, да го објави интервјуто со директорот во репрезентацијата, Горан Пандев. Затоа што сè е „розово“ во македонскиот фудбал, освен што УЕФА води истрага за неколку наместени натпревари, беа натепани младинските фудбалери на Брегалница, ...