Денеска на програмата се два меча од првото пролетно или 17.коло во нашата елитна фудбалска лига. На ФФМ, лидерот и есенскиот првак, тимот на Вардар, од 13 часот го дочекува Арсими, а во Кратово домашниот Силекс ќе ги одмери силите против Башкими. Секако дека во центарот на вниманието ќе биде мечот во Скопје во кој во улога на фаворит е составот на Гоце Седлоски. Нема дилеми, Вардар тргнува по титулата, посакува победа и три бода. Едноставно ...
Денеска продолжуваат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига со два натпревари од 17. коло. Вчера Струга ТЛ загуби на гости кај Шкендија, што му дава можност на Вардар денеска со триумф над Арсими, да се одлепи на првото место на табелата со предност од четири бодови. Моменталната разлика е еден поен, но „црвено-црните“ од Скопје имаат натпревар помалку. Мечот кој ќе се игра на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ нема да биде ...

