Вчера вечерта избувнал пожар во кругот на индустрискиот комплекс „Макстил“ во Скопје, при што целосно бил опожарен магацин кој се користел за обработка на дрво дознава 24инфо. Благодарение на брзата и навремена интервенција на екипите на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, пожарот бил ставен под контрола и не се проширил на останатите објекти во комплексот. Засега нема информации за повредени лица, ниту за причините за ...
Куќа изгоре во пожар што се случи претпладнево во строгиот центар на Неготино. Брзата и ефикасна интервенција на противпожарните екипи спречила поголема катастрофа во густо населената околина. Во гаснењето на пожарот учествуваа десет пожарникари со три противпожарни возила. Нивната главна задача била да спречат огнот да се прошири на соседните објекти, од кои некои биле во непосредна опасност и биле делумно опожарени. За среќа, нема настрадани ...
Во врска со веста објавена на неколку интернет портали за наводен пожар во магацин во кругот на „Макстил“, се информира јавноста дека пожарот не се случил во објектите на „Макстил“ и дека компанијата нема никаква поврзаност со настанот – велет од „Макстил“. Пожарот се случил во друга компанија која се занимава со преработка на дрво, и која се наоѓа во поширокото индустриско подрачје на Железара, но не е дел од „Макстил“ ниту од неговите ...

