3004 Јувентус – Пиза (20:45 ч.) Јувентус на свој терен секогаш оди на победа, а кога им гостува единствениот тим кој нема победа сезонава во Серија А, јасно е дека Старата дама ќе оди на освојување на три бода. Тимот од Торино на гости со 2:0 славеше над Пиза во првиот дел од сезоната, а сега се очекува да биде уште поубедлив. На овој меч Јувентус ќе сака да ја прекине и лошата низа од четири меча без победа во првенството. Предлог тип: ...
По четири натпревари без победа во Серија А, екипата на Јувентус вечерва покажа класа и со убедливи 4:0 славеше против екипата на Пиза. „Старата Дама“ успеа да ја прекине црната серија и да дојде до 14-тата победа сезонава и да се врати на местата кои обезбедуваат европски пласман. Јуве вечерва пред своја публика поведе дури во второрто полувреме. Пиза одлично се држеше во првите 45 минути и не дозволи да прими гол. Но играта на гостите се ...
Фудбалерите на Јувентус конечно успеаја да победат во меч од Серија А и да се вратат во трката за пласман во Лигата на шампионите. Постот пред првенствена победа траеше цели 34 дена, но вечерва во Торино гостуваше Пиза и си замина со три гола во мрежата. Головите за Јувентус во убедливата победа од 4-0 над Пиза беа дело на Камбијасо, Турам, Јилдиз и Бога. Јувентус со овие три бода се искачи на шесттата позиција на табелата со 50 бода, со ...

