Македонскиот национален фудбалски Куп, утре на програмата ги има првите дуели од полуфиналето. На програмата се дуелите, Охрид – Силекс односно Шкендија Арачиново – Шкендија Тетово. Дуелот во Охрид се игра од 12:00 часот, а Силекс секако дека е во фаворитска улога. Прволигашот има императив пред себе, но далеку од тоа дека успехот ќе дојде сам по себе. Напротив. Кормиларот на Кратовци, Александар Васоски и тоа како повикува на претпазливост ...

Тренерот на Силекс, Александар Васоски, го најави натпреварот против Охрид во полуфиналето од Купот на Македонија, каде неговиот тим ќе се обиде да го мине второлигашот и да се пласира во мечот за трофејот. Васоски е свесен за добрата форма во која се наоѓа Силекс (четири победи во низа во ПМФЛ), па затоа посакува истата енергија да се преточи и на првиот натпревар против Охрид, кој е пријатно изненадување сезонава. „Во солидна форма сме, ...

Денеска на програмата се првите полуфинални мечеви во Купот на Македонија. И веднаш да кажеме, ова ќе биде битка меѓу ПМФЛ против ВМФЛ. Во Охрид од часот се среќаваат ГФК Охрид и Силекс, а во Тетово од 14 часот играат Шкендија против Шкендија Арачиново. Реваншите се закажани за 6 мај. Јасно е дека според квалитетот, па и историјата и амбициите, Шкендија и Силекс се големи фаворити, но да не заборавиме дека ова е Куп на Македонија, ...

Два прволигаши и два второлигаши попладнево ја започнуваат битката за пласман во финалето од Купот на Македонија. Во досегашната историја никогаш се нема случено второлигаш да игра во финалето од најмасовното натпреварување, а оваа сезона за првпат има две екипи во полуфиналето. Охрид Лихнидос и Шкендија Арачиново ќе се обидат да направат сензација, иако ништо нема да се реши денес бидејќи има реванш на шести мај. Крај Охридското Езеро ...