Весна Митевска е директор на НУ Ансамбл за народни песни и игри „Танец“. Таа припаѓа на првата генерација образовани фолклорни играчи и дипломирала на Природно-математичкиот факултет – отсек Етнологија и антропологија, стекнувајќи се со звањето етнокореолог. Во „Танец“ е од 2006 година, најпрвин како дел од вокалниот ансамбл, а потоа и како играорка, пред да ја преземе и најодговорната улога – директорка на институцијата. Во разговорот таа ...

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, од утре стартува со голема регионална турнеја која ќе опфати настапи во неколку земји. Турнејата насловена „Ритамот на душата-бојата на традицијата“, започнува на 24 септември, со почеток од 19:30ч во Културниот центар „Матија Петар Катанчиќ“, во Валпово, Хрватска; следува настап на 26 септември, со почеток од 19ч што ќе одржи во „Прешерново Гледалишче“, во Крањ, Словенија; а „Танец“ со концерт ...